070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

02 Jul

10/12 врв: Стрижак на Јабланица (2233 мнв)   July 02, 2017 Планинарство

img

Во топлите и долги летни денови, одиме на вистинска трансверзала по целото било на планината Јабланица, каде ќе ги искачиме нејзиниот втор врв по височина, но прв по тешка пристапност - Стрижек, висок 2233 м.н.в, од каде што потоа ќе ги посетиме 4 прекрасни природни леднички езера - Горно и Долно Лабунишко, Подгоречко и Вевчанска Локва. 

 

Во наредните денови ќе следат повеќе и подетални информации (описи на патеката, слики од теренот, можности за преспивање/кампување итн.)!

 

Цена на превоз 700 денари (100 денари одат за организацијата на предизвикот). Се молат сите останати учесници и посетители кои ќе одат со сопствен превоз, да уплатат учество во акцијата од 100 денари, кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови“, организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите.

 

Почетна точка: Лабуништа, 08:00 h

Завршна точка: Вевчани

Должина на патеката: 23 км

Вкупно времетраење: 10 часа (3 - 3,5 часа искачување, 4 часа движење по билото покрај езерата, 2,5 часа слегување)

Тежина на акцијата: средно - тешка. Во однос на искачувањето е средна, поради летните временските услови според тежината, должината и одликите на патеката е налик на еден ден на Прва Македонска Трансверзала (First Macedonian Traverse). Задолжително носење на 2 литри вода (извори на почетниот дел од искачувањето и непосредно пред слегување), капа за заштита од сонце и препорачливо носење на долги (тенки) панталони поради движење низ висока трева (почетни делови) и планинарски стапчиња.

 

Поаѓање од Скопје: 05:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар) поради должината на патувањето над 170 км во правец; со можност за качување по Партизанска на: Градежен, Хотел Карпош, City Mall, пекара Цујо - Ѓорче Петров.

Пријавување и купување карти најдоцна до 30.06. во Планинарско Друштво Трансверзалец секој ден од 8 до 16 часот и состаноци во четврток од 19:30, Зоран Костадинов - 070 641 998, продавницата кај студентски дом Кузман - СПУКМ од 8 до 20 ч..

 

Се замолуваат сите оние пријавени предизвикувачи на кои ова ќе им биде 3 освојување на врв од предизвикот, да се пријават за да добијат маица со логото на предизвикот, која следува како награда за 3 искачени врвови.

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција