070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

08 Sep

12 Врвови out door викенд забава   September 08, 2017 - September 10, 2017 Планинарство

img

По повод искачувањето на последниот врв за планинарскиот предизвик „12 Врвови“ кој се поклопува со продолжениот празничен викенд за денот на независноста на Република Македонија, ве покануваме на голема забава и завршен настан кој претставува и своевиден спортско-културно музички хепенинг на отворено (out door) на планината Бистра и кој опфаќа богата програма со повеќе спортови и out door активности на отворено, доделување на награди и признанија за успешното завршување на планинарскиот предизвик „12 Врвови“, музичка програма со бендови , кампување и дружење.

ПРОГРАМА (подложи на мали изменувања, се договараат крајните детали, бидете во тек):

ПЕТОК 08.09.

- ИСКАЧУВАЊЕ НА ВРВ 12/12: БРЗОВЕЦ (2082 м.н.в.) по патеката: ТРЕСОНЧЕ-БРЗОВЕЦ-ГАЛИЧНИК (10 часа пешачење, должина 19 км, повеќе информации на настанот: Врв 12/12: Брзовец на Бистра (2082 мнв) ): 

- Мала планинарска тура: ТРЕСОНЧЕ - пештера АЛИЛИЦА со можност за продолжување пеш преку СЕЛЦЕ-ЌУРКОВ ДОЛ-ГАЛИЧНИК или по посетата на пештерата Алилица превозот да ве пренесе до Галичник.

- Пристигнување во кампот во месноста Селска Ливада
- ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ – ПРИЗНАНИЦИ, ЗНАЧКИ И ПРИМЕРОЦИ ОД КНИГАТА „МАТЕРИЈАЛИ ПО ИЗУЧУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА“ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ за планинарите кои успешно го исполниле планинарскиот презвик „12 Врвови“ со искачување на сите или одреден број од предвидените врвови.
- КУЛТУРНО-ЗАБАВНА ПРОГРАМА СО СВИРКА ВО ЖИВО НА Live Wireи студенти на ФМУ 

САБОТА 09.09.

Ден на повеќе спортски активности 

* ПЛАНИНАРЕЊЕ: искачување на МЕДЕНИЦА (2162 м.н.в.) од 2 различни патеки:
1) Од кампот во Селска Ливада кај Галичник (ПД Трансверзалец)
2) Од мост Елен Скок (ПД Бистра – Гостивар) (во подготовка)
*ВЕЛОСИПЕДИЗАМ: тура Галичник - Селце - Тресонче - Лазарополе - Соломуница - Тони Вода - Галичник (старт 8:00 h)
*НАТПРЕВАР ВО ОРИЕНТАЦИЈА
*НАТПРЕВАР во тегнење јаже, трка во торби
*Вежбање фитнес/јога (во подготовка)
* Општествено-корисни активности 

НЕДЕЛА 10.10.

ИСКАЧУВАЊЕ НА ГОЛЕМ КОРАБ (2764 м.н.в.) ПО НОВА ПАТЕКА ОД с.ЖУЖЊЕ. (Оваа активност ќе се одржи само со најмалку 20 пријавени и доплата од 200 денари - за превозот).

-----

ЦЕНА: 2000 денари.
Превоз на учесниците: Скопје-Тресонче, Галичник-Маврово-Скопје (Галичник-Жужње-Кораб-Скопје) и посебен превоз на камп-опрема, секаков вид товар и велосипеди (со доплата) со камион! 
Обезбедни оброци: качамак - вечера во петок, грав - ручек во сабота. 
Сместување: Кампување со сопствени шатори и големи шатори наПланинарско Друштво Трансверзалец во месноста Селска Ливада над Галичник кај коњичкиот клуб „Бистра“. Можност за хотелско сместување во:
Гостилница "БАБА И ДЕДЕ" - Галичник: 800 денари за ноќевање + традиционален појадок: галичка пита, бакардан, омлет (по избор) - 070 370 843 Марко
Хотел Неда Галичник: 900 денари за ноќевање + традиционален појадок: галичка пита, бакардан, омлет (по избор) - 077 864 050

Пријавување и набавка на карти за превоз : најдоцна до 06.09.2017 во продавницата пред студенсткиот дом Кузман Јософовски Питу секој ден од 10 до 21ч., на редовен состанок на друштвото секој Четврток од 20 до 21.30ч. и во Книжара на Студентски Збор од 09.00 до 19.00 ч. Контакт телефон 071/591- 260

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција