070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

25 Nov

Врв Мусала(2.925мнв)   November 25, 2017 - November 26, 2017 Планинарство

img

ДПС Трансверзалец организира искачување на Врвот Мусала во Бугарија на 26 Ноември 2017 година.

Врвот Мусала е највисокиот врв во Република Бугарија, и на балканскиот полуостров, со висина од 2.925мнв. Се наога на планината Рила, во близина на зимскиот центар Боровец, и на 80км од Софија.

Боровец e светски рекреативен скијачки центар на планината Рила, ситуиран на надморска височина од 1350 m, и наjстарo планиско одморалиште во Бугарија - постои од 1896 година. 

Дводневна тура на 25 и 26 Ноември 2017 год.

25.11.2017 (сабота) Поаѓањето со превозни средства од Скопје е во 5 часот од пред Пошта - Железничка станица. Попатно застанување во продавниците Декатлон и Алпи во Софија каде е предвиден шопинг на планинарска опрема. По шопингот се тргнува за Боровец. Ноќевање во Хотелот Рила - Боровец.

26.11.2017 (недела) Искачување на врвот Мусала со почеток во 4.30 часот изутрина. Предвидено враќање во Скопје е 21 -22 часот.

Вкупно времетраење на искачувањето на врвот Мусала е 6 часа, додека за враќање се потребни 4 часа. Се совладува надморска височина од скоро 1.600 метри.

Учесниците во искачувањата треба да располагаат со соодветна планинарска опрема согласно временските прилики и надморската височина, потребна е опрема за зимско искачување.

Напоменуваме дека планинарите што ќе земаат учество треба да се психофизички подготвени и здрави и учествуваат на сопствена одговорност.

Цена на акцијата 39 Евра или 2400ден. Во цената на акцијата е вклучен превозот и едно ноќевања со појадок во Хотелот Рила кој се наоѓа во центарот на Боровец.

Пријавување и уплата најдоцна до четврток 23.11.2017 (четврток) во продавницата пред студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу.

Лице за контакт: Зоран Костадинов 070/641 – 998

Напомена: Потребно е да носите лична исправа Пасош, лично патничко осигурување секој учесник е одговорен сам да извади.

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција