070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

25 Nov

Планинарска Вечер 2017 - ПАОК Ентузијаст Струмица   November 25, 2017 - November 26, 2017 Планинарство

img

На ден 25.11 2017г. (сабота) во Хотел Цар Самуил с. Банско – Струмица ќе се оддржи традиционална меѓународна планинарска вечер во организација на Планинарско Алпинистичкиот Орентационен Клуб ЕНТУЗИЈАСТ Струмица.

Планинарската вечер е дел од годишните активности според програмата на ПАОК ЕНТУЗИЈАСТ. Поканети се и ќе бидат присутни планинари од повеќе планинарски друштва од Македонија, Србија, Грција, Бугарија и Босна, љубители на природата и гости кои ги помагаат планинарските спортови. 

Во рамки на дводневната програма предвидени се рекреативни тури акции и планинарска вечер.

Програма:

Сабота (25.11 2017г) – Поаѓање од Скопје во 08:00ч од Птт- Железничка Станица Скопје. Пристигнување во Струмица и посета на водопадите во Смолари, Габрово, Колешино. Во попладневните часови користење на термалните бањи во Хотелот Цар Самуил. Планинарска вечера во 20:00 ч. ќе се оддржи во Хотел Цар Самуил - музика во живо, ордевер, вечера, доделување на благодарници, богата лотарија и други изненадуванје. Пијалоци по пристојни цени.

Сместување - Хотел Тивериопол Струмица 

Недела(26.11.2017г.) - организирана посета на Манастирот Свети Илија, движење по рекреативна патека. Ручек и пијалоци за сите гости се обезбедени од организаторот. Враќање за Скопје.

Цена за дводневна акција е 2100ден. Во цената е вклучен превоз Скопје – Струмица- Скопје и околниот струмички регион (Смолари, Габрово, Колешино), Влезница за планинарска вечера по цена 600 ден, сместување во Хотел Тивериопол Струмица по цена од 600 ден.

Бројот на учесници во акцијата е ограничен на 20, во зависност од бројот на пријавени превозот ќе биде организиран со минибус или со возила. 

За навремено резервирање на места кај организаторот ПАОК ЕНТУЗИЈАСТ Пријавување најкасно до 16.11.2017 г. (четврток).

Пријавувањето може да се направи и на редовен состанок на друштвото во четврток - 16.11.2017 г од 20 до 21.30ч.

Лица за контакт Душко Бошковски 070/317-740

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција