070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

11 Mar

Осмомартовска идила   March 11, 2018 Планинарство

img

На 11 Март 2018 год. (недела) ДПС Трансверзалец организира две паралени акции, рекреативна и акција за искачување на врвот Лисец.

Рекреативната акција 

Започнува со посета на мегалитската опсерваторија Кокино која се наоѓа општината Старо Нагоричане, Црквата Свети Великомаченик Георги во с. Старо Нагоричане, и селото Куклица кое се наоѓа 8 км северозападно од Кратово познато по карактеристичните ерозивни форми наречени земјени пирамиди или камени кукли. Акцијата ќе биде заокружена со посета на Кратово каде е предвиден ручек во ресторан каде може да се проба познатата Кратовска пастрамајлија.

Акцијата започнува околу 8 часот со посета на опсерваторијата Кокино. Од Кокино се продолжува во с. Старо Нагоричане каде ќе биде посетена Црквата Свети Великомаченик Георги и испосницата на Прохорпчински во Старо Нагоричане. Потоа следува посета на Камените кукли во Куклице. Автобусите ќе застанат во с.Кетеново од каде се пешачи 45 мин во еден правец до Камените Кули и 45 мин назад. Турата завршува со посета на Кратово. Акцијата е наменета за почетници и рекреативци.

Акцијата за искачување на врвот Лисец 

Ацијата започнува околу 8 часот од Кокино продолжува преку с.Бајловце до с.Алинце од каде се искачува врвот Голем Лисец (886мнв). По искачувањето патеката продолжува кон манастирот Карпино се до с. Страцин. Од с. Страцин со превоз учесниците ќе бидат префрлени до Кратово каде опционално може да посетат кафеана и да пробаат Кратовска пастрамајлија.

Акцијата е наменета за планинари и е во вкупна должина од 16 км со висинска разлика за искачување 650м и се пешачи од 7 до 8 часа во зависност од спремноста на групата.

Поаѓање во 06:30ч на паркингот кај ПТТ (Железничка станица) Скопје, цена 400ден. 

Превозот во зависност од бројот на учесници ќе биде организиран со автобус или со минибус.

Акцијата со враќање во Скопје е предвидена да заврши во 20 часот.

Учесниците во акцијата треба да располагаат со соодветна чевли за пешачење и кабаница, односно опрема според временската прогноза. Храната е од ранец, посетата на ресторан во Кратово е опционална и по избор на учесникот.

Секој учесник учествува на сопствена одговорност.

Пријавување и уплати најдоцна до 09.03.2018 (петок).

Информации на тел. 070/641 – 998 Зоран Костадинов.

Карти за акцијата може да се набават во Планинарско Друштво Трансверзалец секој ден од 8 до 16 часот,. и на состаноци во четврток од 20ч.

Со купувањето на картата се прави и пријавата за учество.

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција