070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

26 May

37мо традиционално искачување „Титов врв 2018“   May 26, 2018 - May 27, 2018 Планинарство

img

ДПС Трансверзалец ќе се приклучи на традиционалното искачување на највисокиот врв на Шар Планина, Титов Врв (2.747 м), манифестација во организација на ПК Љуботен од Тетово. Постои можност за еднодневна и дводневна акција. 

Дводневна тура Титов врв 

Сабота 26.05.2018

08ч. Поаѓање за Попова шапка од Железничка - Пошта 

10ч. Искачување до Јелак и Јелачки Црн Врв

19ч. Свечено отворање на манифестацијата зa трaдициoнaлнoтo искaчувaње нa Титoв Врв во холот на хотелот „Попова Шапка“ – Попова Шапка.

19:30ч. Состанок со водачите на екипите на кои ќе бидат детално објаснети условите за искачувањето и доделување на дипломите за учество.

20:00 – 23:00 ч. - планинарско дружење и забава.

Нoќевaње вo плaнинaрски дoм Смрекa. 

Недела 27.05.18 

07ч. Искачување на Титов Врв (2.747м) по „Вакуфска патека„ , се пешачи вкупно 8 часа. 

11 -12 ч Пристигање на врвот

16ч Пристигање во планинарскио дом Смрека

17-18ч. Враќање за Скопје

Цена за дводневна тура, превоз и ноќевање во планинарски дом Смрека 800.00 ден

Еднодневна тура Титов врв

Недела 27.05.2018 

06ч. Поаѓање за Попова Шапка од Железничка – Пошта.

07ч. Искачување на Титов Врв (2.747м), ) по „Вакуфска патека„ , се пешачи вкупно 8 часа. 

11-12ч Пристигање на врвот

16ч Пристигање во планинарскио дом Смрека 

17-18ч. Враќање за Скопје

Цена за еднодневна тура за превоз 400.00 ден.

Исхраната е од ранец. За искачувањето потребна е соодветна психофизичка подготвеност на учесниците. Секој учесник учествува на сопствена одговорност.

Учесниците треба да поседуваат планинарска опрема за искачување согласно временската прогноза, разгазени планинарски чевли, топла облека, кабаница и сл. Вода најмалку 1л.

Напомена: Акциите ке се одржат доколку има најмалку 10 пријавени учесници

Информации, пријавување најдоцна до 24.05.2018 г. на тел 070/342-787

Карти за престојните акции може да набавите од 20.00 до 21.30 ч во просторите на друштвото секој четврток за време на редовните состаноци

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција