070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

05 Aug

Врв 8/12: Кадиица на Влаина (1932 мнв) - Повторување   August 05, 2018 Планинарство

img

На почетокот на месец август одиме на повторување на искачувањето на осмиот предвиден во источниот дел на Македонија на Македонија каде ќе го искачиме врвот Кадиица. ќе планинариме, ќе ја разгледуваме разбудената пролетна растителност и ретките растителни видови од биодиверзитетот на Македонија.

Го искачуваме врвот Кадиица (1932 мнв) на Влаина Планина која е најсеверна огранка на масивот на Малешевските Планини, на самиот срт и гранична линија помеѓу Македонија и Бугарија.

Патека: Пехчево - врв КАДИИЦА 

Должина: 21 km

Тежина: Средно тешка

Искачување на висинска разлика: 932 m

Почетна и завршна точка: Пехчево

Вкупно времетрарње: 10 часа

Патеката е долга 21 километар и започнува од центарот на градот Пехчево на 1000 метри надморска височина. После 7 километри пешачење се стигнува до карпестата формација, локалитетот Вртена скала. Висинската разлика на патеката е 932 метри. Патеката минува низ борова и букова шума. Највисоката точка на патеката е врвот Кадиица на планината Влаина кој е втор врв по големина во источниот дел на Република Македонија, на 1932 метри надморска височина. Планината се протега долж самата граница со Бугарија и нуди прекрасен поглед кон Македонските планини и селца, како и кон планините Рила и Пирин во Бугарија. Втора највисока точка на патеката е врвот Орловец на планината Буковик со 1723 метри надморска височина. При крајот на патеката на одалеченост од 3,5 километри од градот Пехчево и на надморска височина од околу 1200 метри се наоѓа инсектојадното растение Drosera Rotundifolia. Патеката завршува во центарот на Пехчево, повторно на 1000 метри надморска височина. 

Повеќе инфо: http://www.hotelgogov.mk/mk/sport-and-recreation/planinarska-pateka-pehchevo-vrv-kadiica-1932-m-n 

Поаѓање од Скопје: 05:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар) - молиме за разбирање и навремено доаѓање бидејќи треба да се патуваат 175 км - 3 часа во правец.

Цена: 700 денари

Пријавување (за целосно сигурно одење) најдоцна до петок 03.08.2018 во 17 часот, на Марио Шаревски - 071 216 066, Верица Тодоровска - 070 342 787 и Лимонка Тасева - 071 591 260 или во порака на facebook страницата на Планинарски предизвик „12 Врвови“ задолжително со име и презиме (доколку сте целосно сигурни дека доаѓате).

УПАТСТВА:

- Тежината на патеката е средна и не е препорачлива за почетници. 

- Временските услови се најавуваат за сончево до умерено облачно со услови за слаб дожд (https://www.yr.no/place/Macedonia/Pehcevo/Peh%C4%8Devo/long.html) поради што е препорачливо носење на кабаница/ветровка јакна со долги ракави, резервна маица и капа, како и летна опрема: очила и крема за сонце.

- Задолжително носење на планинарски стапчиња (за стрмни и каменести делови)

- Мобилните телефони да бидат со полни батерии (најмалку 95%)

- Храна од ранец

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција