070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

11 Oct

Јажинско Езеро на Шар Планина   October 11, 2018 Планинарство

img

Јажинско (или Јажиначко) езеро е едно од најдлабоките и најубави езера на Шар Планина, сместено во подножјето на Езерски Врв од северната (косовска) страна во прекрасен планински предел со зелени ливади и големи камени сипари. Со својата длабоко сина боја Јажинското Езеро плени и остава силни впечатоци. 

(Повеќе за езерото)

Патека на движење: туристички центар Превала (1500 м.н.в.) - Јажинско Езеро (2180 м.н.в.)

Вкупно времетраење: 6 часа (3 во правец) пешачење

Оние кои сакаат од езерото во времетраење од уште 1 час може да го искачат и Езерски Врв (2580 м.н.в.) 

Тежина: средна

Погаѓање: 06:00 часот од паркингот пред Пошта 2/Железничка во Скопје

Цена: 500 денари

За влез во Косово е потребно да понесете лична карта или пасош.

По завршувањето на турата има можност за седенка во рестораните и печењарите во Штрпце или Превала.

Пријавување најдоцна до 10.10.2018 на Верица Тодоровска - 070 342 787 и Лимонка Тасева - 071 591 260.

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција