На покана на нашите пријатели планинари од Зајечар, Србија одиме да ја искачиме најмистериозната и чудесна на изглед српска планина како вистинска пирамида - 'Ртањ. Викенд посетата ќе опфати и посета на кањонот Вратна.
Сабота - 17.11.2018
Искачување на Ртањ (1565 м.н.в.)
Вкупно времетраење: 5 часа (искачување 3 часа и слегување 2 часа)
Тежина на патеката: средна
Потребна е соодветна планинарска опрема, облека и обувки соодветни на временската прогноза за есенско време (јакна ветровка и за дожд (кабаница), потопла и резервни парчиња облека), планинарски стапчиња, 1,5 л вода.
Ноќевање со појадок во бањата Гамзиград.
Недела - 18.11.2018
Посета на кањон Вратна.
Посета на печењара.
Поаѓање од Скопје од Паркинг пред Пошта 2 / Железничка во сабота 17.11.2018 во 00:00 часот (на полноќ).
Цена: 1850 денари (превоз со 1 ноќевање и појадок во бањата Гамзиград)
Пријавување во просториите на Друштвото до: 16.11.2018 до 17 ч.
Контакт телефони: 078 323 661 и 077 994 496