Contact  |  Мапа  |  Архива

.

.

ГОСТИВАР - МАВРОВО

По брз договор, одлучуваме дека во недела (11.05.2005) одиме на проба на патеката Гостивар-Маврово по системот Шарски Води. Договорот е во 3:00 часот наутро да се собереме на железничка станица, и од таму во 3:10 часот да тргнеме со возот за Гостивар. На местото на собирот доаѓаме само јас ( Гаврил ), Зоки и Војдан. Па сепак одлучуваме дека ќе тргнеме ... Празен воз, се е тивко, и полека се сместуваме во возот. Таман наместени во нашата кабина, и влегува кондуктерот разбеснет и ни вели: „Вадете ги веднаш точаците од воз, ако не ќе морате да платите и за нивниот превоз“. Ние не бевме расположени за кавга, па ги преместивме велосипедите, во еден празен простор, и не му плативме, со тоа што си заштедивме по 120 денари. Ние поспани, а се поблиску и поблиску сме до Гостивар ... и наеднаш Зоки вика „абе станувајте, стигнавме во Гостивар“, и ние бргу се припремивме за излез од возот. Излеговме од возот, поглед кон часовникот, и што ќе видиме- 4:20 часот наутро, сме подраниле.

Во Гостивар во 4:20

Кратка подготовка, и званично во 4:25 стартува нашето патешествие....Надвор градот спие, и се е толку тивко, а ние полека се движиме низ празниот Гостивар, каде што ретко ќе сретневме по некој човек, кој сигурно се прашуваше што прават овие толку рано.

...Го напуштаме Гостивар и за кратко време се наоѓаме пред Вруток. Од Вруток се упативме кон долгиот успон кон село Горно Јаловце. Макадамот по кој возевме, беше на места напорен поради стрмнината која требаше да се искачи. По некое време, излегуваме на најубавото место, а тоа е патот по кој течат Шарските води.

Вруток

Шарски Води- Војдан ужива !

По Шарски води јуревме со велосипедите како првпат да сме се качиле на нив, тоа се должи на природата низ која проаѓавме, чистиот воздух и благата удолница по патот.

... малку одмор

Војдан кај водопадот

Гаврил кај водопадот

Водопадот

Кај пештерата (Војдан)

Кај пештерата ( Зоки и Војдан )

Почеток на нашите маки и препотувања

Од тука па натаму, возењето продолжи по тесна козја патека, по која имаше многу паднати дрва. Ние се потрудивме малку од малку да го исчистиме патчето. Влегувањето во долот беше прилично тешко, поради каловите и многу стрмни места, каде што моравме да ги носиме во раце нашите велосипеди.

Чистење на теренот

Чистење на теренот

Една од многуте стрмнини

Конечно влеговме во срцето на Дуф

Кога се спуштивме во Дуф, побаравме излез, и го најдовме, но беше многу напорно. Кога влеговме во селото Дуф се распрашавме од каде да продолжиме кон Маврово. Тие не насочија, и повторно за 5 мин. се најдовме на патот кој се движи по Шарските води.

Гаврил и Војдан- во позадина со сифонот на Шарски води

Чичко Зоки со сифонот

Веќе излеговме на асфалтниот пат кон Маврово, и сега се е полесно, само уште неколку километри до целта.

Веќе навлегуваме во Маврово, каде што беше нашата цел, а воедно имавме и договорена средба со Марин и Влатко, кои биле на еднодневна прошетка до Маврово.

Мавровско езеро во позадина со прекрасната Бистра

Голем Кораб прекриен со снег ....... прекрасно

Во Маврово следеше краток одмор, малку сликање фотки на маркантни места, и повторно јавнување на велосипедите за Гостивар, но сега бевме во брзање, бидејки моравме да стигнеме во 1:40 попладне, за да го фатиме возот за Скопје ... Го напуштаме Маврово, и се упатуваме кон еден подолг макадамски пат, со цел да не возиме низ сообраќајот, поради безбедност, а и загаденост на воздухот од автомобилите. Спустот беше многу интересен, и се надевам дека би им се допаднал на сите велосипедисти. Од таму излеговме кај каменоломот на патот Маврово – Гостивар. Со побрзо темпо успеавме навреме да стигнеме на железничката станица во Гостивар.

Машините се сместени во возот

На враќање

Интересно беше во просторот каде што ни беа сместени велосипедите

Војдан ... леле колку е добро ееј ...

Овој ден времето беше на наша страна. Ние денот го поминавме во многу дружење, забава, и слично. Километражата за овој ден покажа точно 70 километри, и брзина до 50 километри на час. Поздрав!

25.05.2008 год.

Почетна | Биографија | Акции | Извештаи | Галерија | Ориентација | П. велосипедизам | Рафтинг | Планинарство