Contact  |  Мапа  |  Архива

.

.

Прв извозен планински велосипедски маратон „ШАРСКИ ВОДИ – 2007“


Ај со среќа

Слободно можам да напишам дека 16.09.2007 година беше Празник за сите оние кои имаа учество во маратонот (од Организатори, велосипедисти-учесници, нивни симпатизери, пратечки возила, сервисната екипа, возачи на автобуси, камиони, комбиња, припадници на АРМ, жители на локалното население на стартот и целта, медиуми, фоторепртери,известувачи, па се до добро подготвените велосипеди кои го издржаа маратонот, а без кои СЕ ова немаше да се случи), кој до сега е најмасовна акција од ваков вид одржана во Р.Македонија.Секоја чест и уште еднаш Браво за сите.

Товарење на коњите

Сега преостанува вакви успешни маратони, акции да продолжат да се одржуваат по можност на различни локалитети како би го пропагирале овој здрав и корисен спорт широм државава, а воедно би служеле и за запознавање на се она што не го знаеме за Македонија,а бројот на учесници од маратон до маратон постојано да се зголемува.

Моторизираниот караван

Познатото мото: Во здраво тело здав дух,желбата за дружење, нова авантура,нова дестинација, дали можам да извозам 65 километри? беа главните причини на што се одлучија 105 велосипедисти да стартуваат на овој маратон.

Претоварување на јавачите

Над Ново Село на 1380 м.н.в беше стартот на маратонот, а асфалтираната, доста стрмна и долга делница с.Боговиње – Ново Село, беше запаметена како некој иден предизвик за искачување и спуштање.

Подготовки пред стартот

Пред стартот

Ај со среќа

Од стартот во 09.50 часот по однапред проучената патека сите велосипедисти и пратечкиот караван не однесе во с.Вруток точно над изворот на р.Вардар каде беше целта на маратонот. Секој учесник од ученик до зрел ветеран како што пристигнуваше си се смешкаше на свој начин /задоволен самиот од себе/, со сјај во очите, руменило на образите, прав на дресот, кал по нозете, на велосипедот, некој и со гребнатики, некој поуморен, друг помалку уморен, ама важно СИТЕ со многу насобрана нова позитивна енергија акумулирана долж целата траса на патеката, и многу нови нешта прв пат почуствувани,видени и веќе длабоко врежани кај секој од учесниците.На целта имаше публика која со аплауз го наградуваше секој пристигнат маратонец, а вредните и неуморни организатори имаа подготвено многу нешта за закрепнување / сендвичи, грицки, пијалоци, топло гравче / ама имаше и благодарници, забавна програма, така да секој учесник на топлото сонце се чувствуваше како дома или како риба во чиста вода.

Првиот и најстрашен тунел

Еден од повеќето тунели

Дел од шарпланинските убавини

Потоа по планот и програмата на маратонот по заслуженото раскомотување, отпуштање, краток одмор, обновување на потрошените калории повторно велосипедите мораа во камионите, велосипедистите во автобусите и правец кон Скопје.
На целта како и по пат во бусовите се прераскажуваа многу згоди и незгоди од доживеаното по системот Шарски води, за тоа колку се вкусни капинките, како беше во темните и тесни тунели, водопадите, чешмите,зошто со катанци се затворени двата планинарски дома кои ги видовме покрај патот, каде се планинарите, колку долго се градел овој систем, колку средства биле потрошени за негова изградба и колку е корисен за сите нас, а дури сега го откриваме, калта, водените препреки, кој врв е овој, кој тој до него, пејсажите, шумите, звукот на моторните пили кои ја делкаат шумата,чистиот воздух кој ти дава крилја / појак и од Ред Бул /, па затоа поединци возеа како луди, без одмор како да се на трка, а не на рекреативно возење и уживање во се наоколу.

Првиот поголем одмор

Убавиот врв Враца

Неизбежни дефекти

Се е под контрола

Малку кал, вода и задоволни возачи

Но се што е убаво е слатко и кратко трае, но спомените остануваат и тоа од раното утринско будење,возење поспани со ранец на грб,прозивката,утоварот на велосипедите во камионите,сместување во бусовите,претоварот во малите комбиња,ветрот,темните облаци на стартот,патеката,целта,одморот таму па се до затворањето на денешниот велосипедски круг со прашање: КОГА ПОВТОРЕН ВАКОВ СОБИР И НА КОЕ МЕСТО, а до тогаш од време на време ќе ни излегуваат пред очи моменти од овој успешно извозен и организиран маратон.

Насмеани сите, Вруток е се поблиску

Целта се гледа

Целта со заслужен одмор

Расположени велосипедистки

Заслужени дипломи за шампионите

Но се што е убаво е слатко и кратко трае, но спомените остануваат и тоа од раното утринско будење,возење поспани со ранец на грб,прозивката,утоварот на велосипедите во камионите,сместување во бусовите,претоварот во малите комбиња,ветрот,темните облаци на стартот,патеката,целта,одморот таму па се до затворањето на денешниот велосипедски круг со прашање: КОГА ПОВТОРЕН ВАКОВ СОБИР И НА КОЕ МЕСТО, а до тогаш од време на време ќе ни излегуваат пред очи моменти од овој успешно извозен и организиран маратон.

Напис: Марин Стојановски
27.09.2007

Почетна | Биографија | Акции | Извештаи | Галерија | Ориентација | П. велосипедизам | Рафтинг | Планинарство