Друштво за планинарски спортови „Трансверзалец“ и Демократска обнова на Македонија
Во чест на 8-ми Септември, во склоп на промоција на Македонија како Балкански велосипедски и планински рај „СОНЧЕВ КРУГ“.
Местоположбата на град Скопје ни овозможува со мали трошоци, а за кратко време да се излезе во природа на планина. Оваа можност често ја користат граѓаните и во духот на спортистите ве покануваме на III-от велосипедски маратон „ШАРСКИ ВОДИ 08“, од Попова Шапка до Бунец на Мавровско Езеро. Основно место на сите планинарски акции е „Во здраво тело здрав дух“. Со учество на оваа манифестација ќе имате можност да ја видите и запознаете Шар Планина со Полошката рамнина и пошироко. Да почувстувате задоволство на победа, зошто секој што ќе ја помине патеката е победник.
Маратонот се одржува на 22.06.2008 г. Недела.
Треба да се знае:
- Стартнина 50,00 ден.
- Старт е во 07:00 часот пред Планинарски дом „СМРЕКА“ на Попова Шапка (велосипедска патека долга 87,9 км со три контролни точки и 800 метри висинска разлика во слегување, се вози 8 до 10 часа)
- Цел: Детско одморалиште Бунец на Мавровско Езеро, отворена трката до 19:00 часот каде ќе има и културно забавна програма (сендвич и гравче) од 18:00 до 19:00 часот. Пригоден поздрав за најмасовните, преоден пехар, а секој учесник добива скромна награда.
Контролните точки се обезбедени со радио врска и пригодни освежувања, и со најава може да се спуштите на стариот пат за Гостивар каде во 17 часот ќе помине автобус да ги префрли до Бунец и назад за Скопје.
Обезбеден превоз од Скопје (од Пошта - Железничка станица во 05:45 ч) до Попова Шапка и назад од Маврово до Скопје.
Цена 200,00 денари заедно со велосипедот.
Право на учество има секој кој се чувствува здрав и способен за ваков предизвик и учествува на своја одговорност. Патеката е одбележана со сина боја и жолти траки на стапчиња.
Однесување на патеката: Секој учесник е должен да ја чува околината од пожар и уништување - „Нека листот и понатаму зеленее“.
Облека по свое наоѓање.
Опрема – добро спремен велосипед, за гуми - треба внатрешни резервни и лепак, пумпа, по можност и кацига.
ПРИЈАВА и информации на: 02 3223 024, 070 641 998.
НАПОМЕНА: Во Сабота 21.06.2008 во 08:00ч од пред Студентски дом „Гоце Делчев“, се вози до Попова Шапка, со ноќевање 200,00 ден. во планинарски дом „Смрека“ (8-9 часа возење).
ОРГАНИЗАЦИОНЕН ОДБОР
ДПС „ТРАНСВЕРЗАЛЕЦ“
ДОМ – Комисија за спорт и туризам
|