Contact  |  Мапа  |  Архива

.

.

ШАРСКА ТРАНСВЕРЗАЛА „ПОПОВА ШАПКА - ВРУТОК 2008“

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние кои го набљудуваа беше прекрасен ден, исполнет со многу забава, дружење, и со стекнати многу нови искуства. Се од почеток, па до далечната цел во с. Вруток (80км).
7 часот наутро 22 Јуни...станување, припремање (за оние кои преспаа во планинарскиот дом “Смрека”, а верувам и за другите), доручкување. Во секој момент се очекува да пристигнат автобусите со велосипедистите, и конечно да стартува маратонот. Двајца членови на Пл. Друштво “Трансверзалец” тргнуваат порано кон “средната станица” на Церипашина, кои ке ги упатуваат велосипедистите по патеката. 7:30 часот, пристигаме јас (Гаврил) и Војдан на средната станица на Церипашина, и по 10 мин. тргнуваат маратонците ... ние се припремаме за нивно упатување кон стазата.

Припреми за маратонот (пл. Дом “Смрека”)

Пристигнување на маратонците на средната станица, и започнува нашето патешествие кон Вруток.


По пат, учесниците можеа да се запознаат со убавините на Шар Планина и на Полошката рамница. Беа запознаени со текот на Шарските води, со водопадите и со уште многу убавини на Шара, во кои можеа да уживаат.

Дел од учесниците на маратонот, во придружба на Гранична полиција

Виктор и Војдан после Церипашина

Зоки (маркирање на патека)

Војдан (на маркирање на патеката)

Првиот спуст (Кон Шарските води)

Редовни дефекти

Уживам во спустот (Гаврил)

Виктор

Шарски води

Излегувањето на патот по кој течат Шарските води, претставуваше огромно задоволство за сите, и за оние кој по прв пат го возат овој маратон, но се разбира и за останатите. Скриените планински врвови во срцето на Шара, како што се: Титов врв , Бакардан, Мал Турчин, Враца, и уште многу други, блеснаа пред очите на околу 150 велосипедисти. Недопрената и прекрасна природа, како и чистиот воздух, како да им даваа сила на учесниците, кои без мака, успешно го реализираа овој маратон.

Краток одмор

Во еден од тунелите

Дејан (по пат)

Дејан, Виктор и Зоки

Одмор

Редовни дефекти

Гаврил (кај водопадот)

Водопадот

Ги уловија јаготките

Сифон

Целта (Вруток)

Истоварување на машините

Овој ден помина со многу дружење, забава и смеа. Изминатите 80 километри, воопшто не ги ни осетија учесниците, а посакаа повторно да се случи тоа, а вие кој го пропуштивте ова поради оправдани\неоправдани причини. Планинарското друштво “Трансверзалец” ве поканува на следниот маратон, кој сите може да го очекуваме наскоро. Поздрав!

09.08.2008 год.

Почетна | Биографија | Акции | Извештаи | Галерија | Ориентација | П. велосипедизам | Рафтинг | Планинарство