Contact  |  Мапа  |  Архива

.

.

ПЛАНИНСКИ ВЕЛОСИПЕДСКИ МАРАТОН „ЈАСЕН 08“

Од стартот стрмната угорнина која беше наш предизвик, дружбата, чистиот воздух на Сува Гора, па се до целта за тој ден, беше предизвик за 76 велосипедисти кои одлучија да стартуваат на овој маратон од рекреативен карактер, кој во цврсто сеќавање ќе го држиме во нашите глави до некоја наредна прилика.

Накај Матка

Рано во утрото на 13 Април ... полека се движиме со нашите велосипеди спрема езерото Треска, натоварени со ранци на грб, а мирното и доста топло утро предвидува убав ден за возење.
8:30ч, пристигнување на местото на собирот. Пристигнуваат и многубројни рекреативци, и велосипедистите од Велосипедскиот клуб „ENERGY“. Следи договор од каде ќе одиме, правилата на однесување и слично. Во 9:00ч стартува маратонот, кој го следат и повеќе медиуми.

На стартот

Подготовки

Матка, видена од патот за Сува Гора

Почетокот на маките

Во првото село

На пат за Јасен

Почетокот на долгата и стрмна угорнина

Војдан ... а јас да си се вратам ?!

Опожарена шума по минатогодишните пожари

Гаврил на влез во Јасен, Сува Гора

Малку одмор и продолжуваме (Зоки, Диме и Закс)

Море, убав е спустов (Гаврил и Закс)

Една од многутте стапици за животни

Ловна куќарка

Во Јасен, Џими дава интервју

Ги истакнува своите способности (Гаврил)

На враќање, поглед на Матка и врв на Водно

Поглед на Езеро Треска и Скопје

Изминатиот пат

Езеро Треска (Закс)

На целта

Овој ден помина со многу дружење, смеа, по изминатите 48 км (отприлика), кои многумина ќе ги памтат. На целта имаше пијалоци за пригодно освежување и храна, во комплет со Македонска музика, која тивко не забавуваше.

08.05.2008 год.

Почетна | Биографија | Акции | Извештаи | Галерија | Ориентација | П. велосипедизам | Рафтинг | Планинарство