Ориентација е спорт кој на секого му пружа по нешто:
Од лесни тренинзи и локални натпревари до светски првенства секои 2 години.
Натпреварите може да бидат: - ориентација крос, - штафета, планинарска, скијачка.
Во многу земји од светот за време на летните месеци се одржуваат повеќедневни натпревари за сите категории. Најмасовни такви натпревари се одржуваат секоја година во Шведска, а вкупно има повеќе од 20.000 натпреварувачи што е повеќе од кои било олимписки натпревари до сега. За оние без спортски амбиции на секој натпревар постојат рекреативни и почетни категории.
Запишување и сите информации за курсеви, натпревари и тренинзи, секоја среда од 20:30 до 21:30ч во ДПС „Трансверзалец“ во ССУКМ, ул. Иво Лола Рибар (пред студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу), Тел: 02 3223 024, моб. 070 317740.

Ориентациониот спорт почнува да се развива во почетокот на 20 век во зимзелените шуми на Скандинавија. Во тие земји денеска ориентацијата е национален спорт бр. 1, додека во Швајцарија, Унгарија, Австрија, Чешка, Русија, Велика Британија по масовност и популарност е при самиот врв. Во Македонија ориентациониот спорт се развива во почетокот на 80-тите години од минатиот век и се оформуваат ориентациони клубови во Радовиш, Струмица, Скопје, Прилеп, Штип, Куманово. Од 1994 година Македонија е членка на Интернационалната Ориентациона Федерација (IOF).

ОРИЕНТАЦИОНИОТ СПОРТ НА СЕКОМУ МУ ПРУЖА ПО НЕШТО:

Забава за целото семејство

возбудување на најдобрите

Релаксација, Природа

Чувство на задоволство и успех
ЗА ШТО НАВИСТИТНА СЕ РАБОТИ?
Во природа мора да најдете контролна точка која е нацртана на карта. Секоја контролна е обележана со црвено-бело знаме (30х30 цм). Како доказ дека сте ја пронашле точката го ставате својот чип во електронската станица која се наоѓа на контролната која треба да светне и титне кога ќе биде внесен чипот.

За ориентација ви е потребна скромна спортска облека и патики, додека картата ја добивате на едно од многубројните предавања, натпревари или тренинзи.
Ориентационите натпревари се одржуваат на благонаклонет, пошумен и лесно пристапен терен во близина на некој град. Натпреварувачите се поделени по возраст, пол, кондиција и знаење ориентација. Најважниот реквизит во ориентациониот спорт е КАРТАТА, изработена посебно за овој спорт.
На оваа детална карта со размер 1:15 000, 1:10 000, 1:5 000 секој брзо и лесно се снаоѓа.

Означени се и такви детали како хранилки за дивеч, лисичји дупки и сл.
Освен тоа, распоредот на бои олеснува читање и снаоѓање на теренот: Бело - проодна шума, Жолта - ливада (полјана), Плаво - реки, потоци, чешми итн. Кафена - изохипси и земјен детал, Зелено - густина на шума (вегетација), Црно - пат, објект итн.
|