30.03.2008 град Скопје, Р. Македонија
Клубот на извидници ветерани Скопје и Ориентациониот клуб „Трансверзалец“ на 30.03.2008 година организираат меѓународен натпревар во СПОРТСКА ОРИЕНТАЦИЈА под мотото
ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ
Екипно и поединечно
ПРОГРАМА Основни податоци
30 март (недела)
* Прво коло државна лига, се бодува - 11 часот
* Ветерани во акција, 20-та средба - 12 часот
* Ориентационен натпревар за популаризација на спортот, со право на учество на сите заинтересирани
* Прогласување на резултатите
* Доделување на престижната статуетка Мајката божица од Мери Аницин
* Традиционално македонско гравче.
КАРТА: 1: 10 000, е-5м, состојба 2004 г.
ТЕРЕН: Прооден, ритчест, со листопадна и борова шума
ПОСТАВУВАЧИ НА ПАТЕКИ:
* Иво Бошковски
* Мирко Даневски
КОНТРОЛОР:
* Душко Бошковски
МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ:: Дом „Даре Бомбол“ – Средно Водно, излетничко место во град Скопје – 600 мнв
КАТЕГОРИИ:
* жени: Д10, Д12, Д14, Д16, Д18, Д21
* мажи: М10, М12, М14, М16, М18, М20, М21, М35
* екипно и ориентација со велосипед (м и ж)
СТАРТНИНА:
* натпреварувачи во лигата - 50,00 ден.
* за категорија жени и М10 - не се наплаќа
КОТИЗАЦИЈА:
* Ветерани и комплет гравче - 150 ден./учесник
ИЗНАЈМУВАЊЕ ЧИПОВИ:
60,00 ден.
Организаторот обезбедува дипломи и награди.
Скопје, март 2008
Организатори:
Клубот на извидници ветерани Скопје
Ориентационен клуб „Трансверзалец“
13.03.2008
|