ДО
Сите љубители на природата
Ве известуваме дека Ориентациониот клуб Трансверзалец Скопје на 26.03.2011 год.- Сабота на локацијата Градски парк, организира натпревар во СПОРТСКА ОРИЕНТАЦИЈА и воедно Ве каниме да присуствувате на овој нетпревар. Натпреварот се бодува за Државната лига во ориентација, и за државно првенство во спринт за Ориентационите клубови, останатите се натпреваруваат вон конкуренција. Натпреварот на Водно се одлага за крајот на Април или средината на Мај.
ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ
ПРОГРАМА - основни податоци
26 Март Сабота - 1 коло државна лига се бодува
СТАРТ: - 11 часот пред Луна парк во градскиот парк во Скопје
- 12 часот ориентационен натпревар за популаризција на спортот со право на учество на сите заинтресирани
-15,30 часот Прогласување на победниците
КАРТА: 1: 5 000, е-2м. состојба март 2011 год.
ТЕРЕН: Патеки асфалтни, езера, тревнати површини, ниска вегетација
ПОСТАВУВАЧИ НА ПАТЕКИ: - Иво Бошковски -МОФ Поставувач
- Мирко Даневски - Помошник поставувач
КОНТРОЛОР: Зоран Костадинов – МОФ Контролор
КАТЕГОРИИ: - жени: Д10 Д12 Д14 Д16 Д18 Д20 Д21 Д35
- мажи: М10 М12 М14 М16 М18 М20 М21 М35 М45
екипно и опен категорија (три натпреварувачи)
СТАРТНИНА: - натпреварувачи во лигата 50,00 ден
- за категорија жени и М10 не се наплаќа
ИЗНАЈМУВАЊЕ ЧИПОВИ: 60,00 ден
ПРИЈАВУВАЊЕ: до 22,03,2011 год на тел/фах. 3109 113
Е-маил: ivo_boskovski@yahoo.com
Информации на 070 250626 Марјан
070 641998 Зоран
Организаторот обезбедува дипломи и награди.
07.03.2011 г. Скопје
ОК Трансверзалец
Марјан Ѓекиќ
|
|