Contact  |  Мапа  |  Архива

.

.

НОВОГОДИШНО ИСКАЧУВАЊЕ НА ТИТОВ ВРВ

На 30.12.2007 година, двесетина планинари од Скопје, Тетово и гости од Белград и Прешево, Србија, се упативме во 07:00 ч, кон Титов Врв (2747 мнв) од Планинарски дом „Смрека“ сместем ма 1800 мнв надморска висина. Времето беше идеално, мирно, сончево, пријатно за пешачење, снегот подмрзнат, така да не пропаѓавме повеќе од 10-15 см.

Првиот и најтежок дел од патот врвот Церипашина беше совладан за 2 часа и 15 минути со висинска разлика од 750 м. Кај антените се сликавме и на одење и на враќање, понатаму кај некои планинари се почувствува замор и почнаа да подзастануваат. На врвот стасавме од 12 – 13 часот. Направени се убави фотографии. Од врвот- погледот беше импресивен, со пријатно чувство на радост-гордост за успешното Четврто традиционално искачување за Нова Година на највисокиот врв на Шар Планина ТИТОВ ВРВ 2747 м.

Враќањето беше во две групи во зависност од можностите. Некаде околу 16 часот пристигнавме во Планинарскиот дом „Смрека“, а последните до 17,30 часот. Некои останаа да го слават успехот во домот, а некои отидоа дома да ја пречекаат Новата година.

23.02.2008

Почетна | Биографија | Акции | Извештаи | Галерија | Ориентација | П. велосипедизам | Рафтинг | Планинарство