Contact  |  Мапа  |  Архива

.

.

Трето зимско искачување на Титов Врв

На 20 декември 2008 година се собравме во Планинарски дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип. Времето беше ветровито, како што беше и прогнозата.

Во недела на 21 станавме во 5,00 часот, но поради собирање на шатор тргнавме во 6,30 часот кон Титов Врв. Времето беше магловито со повремен ветер. До стрмниот дел на едноседот кон Церипашино одевме во колона. Но поради замрзната стрмнина се вратија 7 луѓе кои беа без дерези. Останатите продолживме кон врвот. Ветерот на моменти имаше силни удари, па се сокривме во куќичката на едноседот да се одмориме и ја затегнеме опремата и облеката.
Некаде кон 9,20 часот бевме на сртот пред Антената, ветерот веке не се издржуваше, маглата не не напушташе цел пат. Падна одлука да се вратиме назад. Тргнавме право надоле за доа го избегнеме ветерот, потоа одевме лево и пак стасавме во куќичката на едноседот. Направивме одмор од пола час, се стопливме и каснавме малку. Во 11,30 часот се вративме во Планинарскот дом „Смрека“. Во 14,00 часот се вратија и планинарите од ПД „Бистра“ кои тргнале подоцна.
Се надеваме дека следниот викенд ќе ни се укаже можност да го искачиме „Титов Врв“ 2748 мнв и во зимски услови.

ДПС „Трансверзалец“

25.12.2008


Почетна | Биографија | Акции | Извештаи | Галерија | Ориентација | П. велосипедизам | Рафтинг | Планинарство