070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

12 Nov

Љуботен (2499 м.н.в) (12.11.2017)   November 12, 2017   Планинарство

Искачувањето на врвот Љуботен по повод 13ти Ноември претставува традиционална акција во чест на празнувањето на Денот на град Скопје. Како и секоја година така и оваа традиционалното искачување на врвот Љуботен на Шар Планина се одржа на 12 Ноември 2017 год. 

Акцијата долга скоро 20 км во двата правци со висинска разлика од 1.800 м секоја година добива се поголем одзив кај љубителите на планината.  Патеката до врвот Љуботен (2.499 мнв) е со почетната точка во Старо Село (700мнв) оттаму до планинарскиот дом Љуботен (1.622 мнв) се пешачеше неполни два часа, а од Домот до врвот уште два часа. На акцијата учество земаа околу 350 планинари кои уживаа во магијата на Љуботен и во прекрасниот есенски ден.

Фотографии на Бојан Стојчевски.


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција