070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

14 Jan

Гоглин (1.197мнв), Козјак   January 14, 2018   Планинарство

Историскиот врв Гоглин висок 1.197мнв се наоѓа на планината Козјак кој на 14.01.2018 беше искачен во рамки на планинарскиот предизвик “12 Врвови”. Врвот се наоѓа во североисточниот дел од Македонија, акцијата беше во организација на Планинарско Друштво Трансверзалец Скопје и Единствена Македонија. Акцијата започна во 06часот изутрина во Неделата на 14.01.2018 околу 80 планинари од Скопје, Куманово но и од други делови од земјава се упатија кон селото Пклиште во општина Ранковце. Стартот на акцијата започна од селото во 7.30ч. На излез од селото некаде на 500метри беше поставен столб- патоказна маркација со правци на движење за врвот Гоглин и водопадот Длабочица. За 2.30 ч. преку селото Длабочица групата во компактен состав пристигна до водопадот Длабочица. На жал не успеавме да го посетиме планинарскиот дом во околината бидејќи истиот не беше отворен. На враќање преку месноста Свињарник групата притигна до месноста Русајилја каде на локалната чешма беше направен подолг одмор од 1 час за закрепнување и јадење. Втората половина од турата беше во спуштање преку врвот Китка. На Козјак планина има неколку врва кои го носат истото име. По патно сретнавме и ловџи кои беа излезени на хајка по диви свињи, истрели не слушнавме. Врвот Гоглин групата го искачи во 13.30ч. додека на целта Отовишко Еезро пристигнавме во 15.30ч. На целната точка беа засадени стотина садници бор со што дадовме мал придонес за зелена Македонија. Патеката која беше измината е во должина од 23.7км со 600метри висинска разлика и околу 8 часа пешачење. Успешната акција беше заокружена со посета на кафеанаат Ранч. Групите пристигнаа во Скопје во 19ч. Иако зима учесниците на акцијата уживаа во добри временски услови, мирно веење на снег, како и во интересната акција за пронаоѓање на “скриеното богатство“ на Гоглин од помагателот на планинарскиот предизвик - Allga San. “Скриеното богатство“беше скриено во еден напуштен воен бункер од Првата светска војна, кој како занимлив објект беше посетен од присутните. Прекрасните фотографии од акцијата се од објективот на Драган Михајлов.


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција