070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

24 Mar

ВИСОКА на Селечка Планина (1472 м.н.в.)   March 24, 2018   Планинарство

На 24 март 2018, планинарскиот предизвик „12 Врвови“ продолжи со искачување на врвот 6/12: Висока (1472 м.н.в.) на Селечка Планина. Тој е шестиот од вкупно 12 за сезона 2017/2018 и специфичен по повеќе нешта, а пред сè по археолошките ископини на самиот врв и западното подножје на планината под него, за кои стручната јавност и археолозите со голема веројатност утврдуваат дека се остатоци од древниот македонски град Пелагон. Во придружба на Стеван Сарвановски, археолог и планинар од Прилеп, член на ПД „Козјак“ и човек кој триесетина години работел на археолошките ископувања и 18 планинари/предизвикувачи од Скопје започна оваа архео-планинарска тура.

На почетокот на турата владееа зимски услови за на крајот да дочекаме вистински топли пролетни услови. По релативно лесно движење од околу 2,5 часа низ снег беа посетени ископините на древниот македонски град Пелагон веднаш под самиот карпест врв Висока и древната македонска гробница на западното подножје на планината кај Бонче. Вкупната должина на изодената патека изнесуваше 14 километри во нешто над 5 часа активно одење и вкупно поминати 7 часа на движење, планинарање, разгледување на древните ископини, употреба и на посебна опрема на самиот врв, дружба и оддавање почит на нашите прерано заминати другари. Патеката која беше помината и пробиена е уредно забележана и снимена на GPS уреди и апликации кои ќе бидат достапни за сите заинтересирани, да ги поминат во текот на годината на предизвикот или било кога понатаму во иднина во своја самостојна или организирана тура, а во текот на пролетта ќе има и репризна тура во со добро утврдена програма.

Слики на: Bojan Stojchevski, Пеце Иванов, Марио Шаревски


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција