070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

10 Jun

Огражден 2017   June 10, 2017 - June 11, 2017   Планинарство

ДПС Трансверзалец – Скопје на покана на Планинарско Алпинистичкиот Ориентационен Клуб "ЕНТУЗИЈАСТ"- Струмица гостуваше на планината Огражден. Домаќините имаа богата понуда на планинарски активности за викендот 10-11.06.2017 меѓу кои дводневне пролетен марш “Огражден 2017” како и организирано Државно Првенство во Планинарска Ориентација – Второ Коло од Лигата за планинарска ориентација со ноќна и дневна трка. Членовите на Трансверзалец активно се вклучија во програмата.

Дводневниот марш се одвиваше според следната програма: Во Сабота на 10.06.17 год. планинарите ја започнаа акцијата во 09 ч изутрина од месноста Суви Лаки - Пилана, продолжија преку Безгаштево до Петлец и Малишевските планини. Беше посетено местото каде на 17.12.1906г. е убиен Даме Груев,1352 мнв а потоа се вратија во туристичка населба Суви Лаки. Патеката изобилува со пририодни убавини поради кои нема да ви претставува тешкотија да изменете 27км. Преноќивме во туристичката населба Суви Лаки во шатори.

Неделниот марш на 11.06.17 год. започна од месноста Палазли 1.140 мнв во 09 ч преку месноста Караџовица 1245м.н.в., Вртешка, Студена Чешма 1.415мнв, Кадан Чешма 1650 мнв. се до врвот Огражден 1746 мнв. Враќање од врвот Огражден преку Каден Чешма, Бела Чешма, Ѓорговски рид, Лазова Чешма, и повторно враќање во туристичка населба Суви Лаки. Должината на патеката од Палазли до врвот Огражден изнесува 12 км додека од врвот до Суви Лаки има 6 км. Незаборавен викенд за планинарите како од убавините на Огражден, неповторливите јадења, отворените срца на домаќините во селата каде планианрите беа гости, дружење со гостите од Бугарија и другите градови од Македонија, домаќинскиот пречек и одличната екипа на ПАОК “Ентузијаст” од Струмица но и од посебното адреналинско доживување во променливи временски услови. Сите планинари преноќуваа во викенд наслебата Суви Лаки. Трансверзалец преноќи во шатори на отворено на исклучително бурна ноќ проследена со пороен дожд и страшни грмотевици. Сепак Огражден ни беше наклонет со временските услови во текот на дневните маршеви и натпреварите во ориентација и ни пружи непофторливи спомени. Голема благодароност до организаторите и домаќини ПАОК “Ентузијаст” од Струмица.


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција