070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

28 Sep

BMUMOC 2018 - Macedonia   September 28, 2018 - September 30, 2018   Ориентација

BALKAN CHAMPIONSHIP IN MOUNTAINEERING ORIENTATION - BMUMOC 2018 28-30.SEPTEMBER 2018 OHRID, MACEDONIA Балканско Првенство во Планинарска ориентација е меѓународен натпревар кој се одржува трета година по ред. Првиот натпревар беше оддржан во 2016 година во Покљука - Словенија, вториот натпревар беше одржан 2017година во Рајац - Србија. Годинешниот трет по редослед натпревар се оддржанод 28 до 30 Септември 2018 на падините на планината Галичица а домаќин на натпреварот беше Federacija na Planinarski Sportovi na Makedonija. Во натпреварот учество земаа 80 натпреварувачи од Балканските земји. Планинарски Ориентационен натпревар претставува натпревар во кој треба да се истакнат знаењата и вештинте за брза и успешена ориентација, движење и снаоѓање во просторот на непознат ридест или планински терен, преку употреба на топографска карта и компас од страна на натпреварувачите. Планинарските ориентациони натпревари се екипни (мин. три члена) и вклучуваат употреба на комплетна планинарска опрема. Екипите се натпреваруваат во четири категории Пионери, Јуниори, Возрасни и Сениори, независно од полот на кандидатите. Натпреварувачите го покажаа своето знаење на ноќно и дневна планинарска трка, тестирање на знаењата во давање на Прва помош, користење на Јазли, тестирање на општоте знаења од Планинарство, Ориентација и Топографија. Планинарите од ДПС Трансверзалец беа вклучени во организацискиот и техничкиот дел на натпреварот како и во натпреварувачиот дел. Младинската Комисија на ФПСМ беше директно вклучена во поддршка на натпреварувачите екипи и даде придонес во целокупното успешно реализирање на ова меѓународно натпреварување. Јуниротите и Пионерите на Македонија го овоија првото место во категоријата, Сениорите ги освоија четвртото и седмото место додека Возрасните го освоија второто и петото место во категоријата. Во целокупниот пласман тимот на Македонија го освои првото место. Голема благодарност до главниот спонзор на натпреварувањето Neotel MKD Неотел - Македонија. BMUMOC 2018 http://www.bmumagazine.com/?p=1230 Federacija na Planinarski Sportovi na Makedonija


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција