070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Истражи ја природата

Планинарска Ориентација - Водно 2017

На 08 и 09 Април 2017 г. на планината Водно се одржа дводневен натпревар во Планинарска Ориентација. Првото коло за 2017 г. во Планинарска Ориентација беше во организација на ДПС Трансверзалец- Скопје, поддржано од Федерација на Планинарски Спортови на Македонија (ФПСМ). Натпреварувачките тимови од по 3 натпреварувачи во група се натпреваруваа во категориите: Јуниори, Сениори, Сениорки и Ветерани. За натпреварувањето беа користени топографски карти со размер1: 25.000 и еквидистанца од 10 м. Сите екипи успешно ги завршија теренските натпревари како и проверката и тестирањето на знаењето во областа на планинарството и топографијата во текот на двата дена. На 08 Април со маршрута од Средно Водно со старт Даре Бомбол се до врвот Крстовар, додека маршрутата на 09 Април се одвиваше со обратен редослед. Натпреварот се бодува за квалификации за Балканското Првенство кое ќе се одржи во Р.Србија во септември 2017г. Благодарност до Allga San за поддршката на овој натпревар, до спонзорот Hirda, до мото клубот MC POTFAT за логистика, до планинарското друштво Бистра од Скопје за гостопримството и сместувањето на натпреварувачите и организаторите во планинарскиот дом на врв Водно и до сите волонтери и планинари кои земаа учество во организација и поддршка на настанот.

163 фотографии


Сакаш да посетиш вакви места ? Ајде да планинариме заедно