ДПС „Трансверзалец“ е формиран 1998 година со цел да се потикне развојот на планинарските спортови во Скопје и Македонија преку понуда на квалитетни планинарски акции, ориентациони натпревари и планинско велосипедски тури. Целна група на планинарскиот клуб се сите планинари како и екологисти, студенти, ентузијасти и сите оние кои ја почитуваат и сакаат планината.
Чуствувате потреба да го прочистите телото и духот? Сакате да побегнете од гратската бучава и едноличното секојдневие? Имате потреба за авантура?
Се загубивте во шума а батеријата на вашиот мобилен уред е испразнета? Не сте во можност е да го користите GPS уредот за навигација?
Посакувате да откриете нови места или да ги истражите старите места на поинаков начин со вашиот маунтинбајк?
Третата недела од Декември месец резервирана низ годините за искачување на Титов Врв на Шара. Традиционалната акција за 2020 година се одржа во идилични зимски услови. Фотографии на Зоран Костадинов.
Читајќи ја книгата на Ѓорче Петров "Mатеријали по изучување на Македонија" од 1896 г. дојдовме до врвот Петлец 1352 мнв и до местото на убиството на револуционерот Даме Груев во 1906г. На 06.12.2020 Трансверзалец ја...
По многуте неизвесни премрежја кои не снајдоа оваа година, дојде време да го искачиме последниот 12-ти врв и успешно да ја завршиме оваа V сеозна на Планинарскиот предизвик „12 Врвови“.