070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Истражи ја природата

Маглич - БиХ/Црна Гора 2017

Планинарското друштво Трансверзалец од Скопје изминатиов викенд организираше акција на Маглич, во која учествуваа планинари од повеќе градови на Македонија и планинари од планинарското друштво Macedonian Hikers од Битола. Маглич е динарска планина во Република Српска (БиХ), на границата со Црна Гора. Со надморска височина од 2.386 м претставува највисока планина во Босна и Херцеговина. Масивот на Маглиќ со состои од два врва: Велики Маглиќ (2.386 м) на босанска страна и Црногорски Маглиќ (2.388 м) на црногорската страна, кој е повисок за 2 м. Во црногорскиот дел е образувано Трновачкото Езеро кое важи за едно од најубавите во Црна Гора. Езерото е ледничко потекло и лежи во амфитеатрално седло на надморска височина од 1.517 м, долго е 700 а широто 400 м и има синозелена боја. Покрај уживањето во прекрасните планински предели, уживавме и во четири часовен рафтинг низ најатрактивните делови на кањонот на реката исполнет со водопади, извори и природа која ретко кого остава рамнодушен.

49 фотографии


Сакаш да посетиш вакви места ? Ајде да планинариме заедно