070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Истражи ја природата

Светски ден на Ориентација / World Orienteering Day 2017

#worldorienteeringday #skopje #macedonia #centralparkskopje 24 Мај 2017 е Светски ден на ориентацијата/ World Orienteering Day/ прогласен од страна на Меѓународната Ориентациона Федерација – IOF. ДПС Трансверзалец од Скопје се приклучи на меѓународниот настан со организирање на Отворен ориентационен натпревар во Градскиот Парк во Скопје. Целта на настанот беше промоција на ориентациониот спорт и едукација на сите ново заинтересирани со акцент на младите луѓе. Во отворениот натпревар учество земаа 30 деца од предшколска и школска возраст како и возрасни натпреварувачи од ориентационите клубови Ентузијаст од Струмица, Златоврв од Прилеп, Еделвајс од Струмица и Трансверзалец од Скопје кои се натпреваруваа во повеќе Категории.


Сакаш да посетиш вакви места ? Ајде да планинариме заедно