070-351-898 / 070-317-740 / 070-641-998

Истражи ја природата

Strumica Open

Од 15 до 17 Мај 2015 год ОК Трансверзалец со свои натпреварувачи зема учество во 20-от меѓународен турнир во спортска ориентација „Струмица Опен 2015“ кој беше организиран од страна на ОК Еделвјас -Струмица. На турнирот учествуваа околу 100 натпреварувачи од Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Србија и Македонија. Натпреварувањето се одвиваше во четири трки во спортска ориентација, од кои две во Струмица (ноќна и спринт трка) и две на Суви Лаки(средни трки), на планината Огражден.


Сакаш да посетиш вакви места ? Ајде да планинариме заедно