070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

12 May

Врв 7/12: Два Камна на Бистра (1939 мнв)   May 12, 2019 Планинарство

img

Во најпролетниот и полетниот месец мај, одиме на искачување на помалку познатата и помалку посетувана источна падина на планината Бистра во Кичевско, каде ќе го искачиме седмиот предвиден, а осми по ред врв Два Камна движејќи се низ густите букови гори на Бистра, шумниот дол на реката Студенчица каде ќе го посетиме и Самовилскиот водопад на Фрлогоец во чија близина е и пештерата Оџак!

Долга тура: село ЛАВЧАНИ - врв ДВА КАМНА - САМОВИЛСКИ ВОДОПАД - село Г. ДОБРЕНОЕЦ

Патека на движење: под селото ЛАВЧАНИ (835 м.) - гребен СТАРЦИ (1663 м.) - срт БУНАРЧЕ (1724 м.) - карпеста месност ДВА КАМНА (1919 м.) - врв над ДВА КАМНА (1939 м.) - ЈАСИКА (1654 м.) - врв ШИПЕЦ (1301 м.) - САМОВИЛСКИ ВОДПАД во ФРЛОГОЕЦ (1100 м.) - каптажа СТУДЕНЧИЦА (900 м) - рибник во село Г. ДОБРЕНОЕЦ (765 м.)

Должина: 28 км

Времетраење: 10 часа

Вкупна висинска разлика (денивелација): 1304 м

Тежина: ТЕШКА 

Вода: на 2 места: во шумата на 1,5 час од Лавчани и под Шипец (задолжително носење на најмалку 2 литри вода!!!)

Патеката е снимена со GPX.

Средна тура: село Г.ДОБРЕНОЕЦ - врв ДВА КАМНА (и назад)

Патека на движење: крстосницата меѓу Г.ДОБРЕНОЕЦ и ЈАВОРЕЦ (707 м.) - каптажа СТУДЕНЧИЦА (900 м.) - врв ШИПЕЦ (1301 м.) - врв над ДВА КАМНА (1939 м.)

Должина: 16 км (во двата правци, ако се посети водопадот 24)

Времетраење: 8 часа

Вкупна висинска разлика (денивелација): 1232  м

Тежина: ТЕШКА 

Вода: на 1 места: во шумата кај Шипец (задолжително носење на најмалку 1,5 литри вода!!!)

Можност за одење со сопствен превоз и приклучување на група предводена од Планинарско еколошко друштво „Ендорфин”.

Патеката е снимена со GPX.

Кратка тура: село Г.ДОБРЕНОЕЦ - САМОВИЛСКИ ВОДОПАД на ФРЛОГОЕЦ (и назад)

Патека на движење: крстосницата меѓу Г.ДОБРЕНОЕЦ и ЈАВОРЕЦ (707 м.) - каптажа СТУДЕНЧИЦА (900 м.) - САМОВИЛСКИ ВОДПАД во ФРЛОГОЕЦ (1100 м.)

Должина: 14 км 

Времетраење: 4 часа

Вкупна висинска разлика (денивелација):речиси 400  м

Тежина: ЛЕСНА

Вода: на 1 места: во долот на Студенчица (задолжително носење на најмалку 1,5 литри вода!!!)

Поаѓање од Скопје (12.05.2019): 05:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).

Почетокот на големата тура е патот под црквата и селото Лавчани во 07:30 h., за прошетка до водопадите од крстосницата меѓу Г.Добреноец, Јаворец и каптажата Студенчица во 08:00 h. 

Цена: 600 денари (500 денари превоз + 100 денари учество во предизвикот)

Се молат сите останати учесници и посетители кои ќе одат со сопствен превоз, да уплатат учество во акцијата од 100 денари (кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови“, организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите).

Пријавување (за целосно сигурно одење) најдоцна до петок 10.05.2019 во 17 часот, по телефони на : Марио Шаревски - 071 216 066; 078 323 661; 071 591 260 или во порака на facebook страницата на Планинарски предизвик „12 Врвови“ задолжително со име и презиме и оставен ваш телефонски број за контакт (доколку сте целосно сигурни дека доаѓате).

УПАТСТВА:

- Тежината на турите до врвот е тешка со големо растојание и стрмнина и не се препорачува за почетници, додека тежината на турата до водопадите е лесна со помала висинска разлика и се препорачува за прошетка и на почетниците

- Временските услови ќе ги проверуваме на следниот линк од норвешкиот сајт за временска прогноза (https://www.yr.no/place/Macedonia/Other/Dva_Kamena/long.html) 

- задолжително носење на облека соодветна на пролетни и потопли услови: добро разгазени планинарски чевли високи до глужд, резервна маица, јакна ветровка - шушкавец (доколку има најава за дожд кабаница - во ранец), крема за сончање, очила за сонце, капа, планинарски стапчиња. Поради веројатност прегазување на реката Студенчица кон водопадот пожелно е носење на резервни чорапи.

- Мобилните телефони да бидат со полни батерии (најмалку 95%)

- Храна од ранец за време на турите (сендвичи, суво овошје, чоколадо и житни плочки, најмалку 1,5 литри вода)

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција