070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

07 Jul

Врв 10/12: Кале на Јакупица (2112 мнв)   July 07, 2019 Планинарство

img

На почетокот на јули одиме во средишниот дел во „срцето“ на Македонија на најголемиот по површина планински масив Мокра на неговата главна огранка Јакупица, низ густите букови шуми со многу (над 10!!!) силни извори на студена вода, да го искачиме врвот Кале висок 2112 метри, на повеќе места во некои книги и карти и меѓу некои луѓе познат и како Бегови Вирови според истоимената месност со вирови непосредно на јужната падина под него. Започнуваме од историски значајното Горно Врановци каде во партизанската печатница во НОБ е испечатен првиот број на дневниот весник Нова Македонија и движејќи се низ густите шуми со бројни извори излегувајќи на сртот со многу занимливи огромни грамадни карпи налик на тврдини слегуваме повторно низ густите шуми во Нежилово.

1) ДОЛГА ТУРА: с. Горно Врановци - врв Кале (2112 м.н.в.) - Бегови Вирови - с. Нежилово

Патека на движење:  село Горно Врановци (650 м.) - Острика (812 м.) - извор Невестинец (1373 м.) - Милевичка Река (1572 м.) - Корунов Сек (1700 м.) - извор Грло (1935 м.) -  врв Кале (2112 м.) - Бегови Вирови (1766 м.) - Десиловец (1817 м.) - Корда (1319 м.) - Елен (989 м.)  - село Нежилово (680 м.)

Должина: 20,2 км

Времетраење: 10 часа

Тежина: Тешка (средно-тешка)

Вкупна висинска разлика: 1511 метри

Вода: 10 извори (на секои 30-45 минути)

2) Мала Тура: с. Горно Врановци - Бел Камен / Грука (1922 м.н.в.) - Нежилово

Патека на движење: село Горно Врановци (650 м.) - Острика (812 м.) - извор Невестинец (1373 м.) - Милевичка Река (1572 м.) - Бел Камен / Грука (1922 м.) -   Десиловец (1817 м.) - Корда (1319 м.) - Елен (989 м.)  - село Нежилово (680 м.)

Должина: 16 км

Времетраење: 8 часа

Тежина: средна

Вкупна висинска разлика: 1272 метри

Вода: 8 извори

Поаѓање од Скопје (07.07.2019): 05:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).

Почетокот на двете тури е пред хотелот во селото Горно Врановци во 06:30 h. 

Цена: 650 денари (550 денари превоз + 100 денари учество во предизвикот)

Турата е трансверзална со почеток во Горно Врановци и завшеток во Нежилово, меѓу кои има возење по асфалтен пат во должина од 57 километери! Се молат сите останати учесници и посетители кои ќе одат со сопствен превоз, да уплатат учество во акцијата од 100 денари (кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови“, организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите).

Пријавување (за целосно сигурно одење) најдоцна до петок 05.06.2019 во 17 часот, по телефони на : Марио Шаревски - 071 216 066; 078 323 661; 071 591 260 или во порака на facebook страницата на Планинарски предизвик „12 Врвови“ задолжително со име и презиме и оставен ваш телефонски број за контакт (доколку сте целосно сигурни дека доаѓате).

УПАТСТВА:

- Тежината на турите е тешка со големо растојание и стрмнина,  поради што воопшто не се препорачува за почетници

- Временските услови ќе ги проверуваме на следните линк од сајтовите за временска прогноза (https://www.yr.no/place/Macedonia/Other/Gorno_Vranovci/long.html и https://www.meteoblue.com/en/weather/forecast/week/begovi-virovi_north-macedonia_792803 )  

- задолжително носење на облека соодветна на летни и топли услови: добро разгазени планинарски чевли високи до глужд со 2 пара на чорапи (!!!) за заштита од триење и плускавци при долготрајното одење, резервна маица, јакна ветровка - шушкавец (доколку има најава за дожд кабаница - во ранец), крема за сончање, очила за сонце, капа, планинарски стапчиња. 

- Мобилните телефони да бидат со полни батерии (најмалку 95%)

- Храна од ранец за време на турите (сендвичи, суво овошје, чоколадо и житни плочки, најмалку 1,5 литри вода, магнезиум и електролити)

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција