3-221-350

Најава за акција

09 Jun

Врв 9/12: Голема Грива на Баба (2215 мнв)   June 09, 2019 Планинарство

img

На почетокот на јуни одиме по височините на Баба Планина на пелистерската планинска верига, да искачиме неколку врвови - двеилјадарки меѓу кои зацртан ни е ретко посетуваниот Голема Грива висок 2215 м.н.в., да видиме природни леднички планински езера - орлови (и) пелистерски очи, да уживаме во глетките на зелените и расцутени пелистерски ливади прошарани со бели снежни остатоци, да ја видиме Преспа на дланка и да уживаме во небесните планински убавини во јунскиот цут на природата.

1) Долга тура - трансверзала: ЛАВЦИ - НЕОЛИЦА - СКРКОВО - МУСА - ГОЛЕМА ГРИВА - ОРЛОВИ БАРИ - ГОЛЕМО ЕЗЕРО - НИЖЕПОЛЕ (срт околу долот на Сапунџица до Големо Езеро)

Патека на движење: село ЛАВЦИ (798 - 800 м.) - планинарски дом НЕОЛИЦА (1440 м.) - врв ОРЛОВО СЕДЛО (НЕОЛИЦА) (1863 м.) - врв ЦРНА СТЕНА (1909 м.) - врв СКРКОВО (2146 м.) - врв МУСА (2350 м.) - врв ГОЛЕМА ГРИВА (2215 м.) - езера ОРЛОВИ БАРИ (2050 м.) - „ФРАНЦУСКИ ПАТ“ до гребен под врвот МРАЗАРНИК (2210 м.) - ГОЛЕМО ПЕЛИСТЕРСКО ЕЗЕРО и планинарски дом „ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ - МУРАТО“ (2218 м.) -  патека по ДЕБЕЛ РИД (1796-1616 м.) - месност ЛАК ПОТОК кај викенд населба НИЖЕПОЛЕ (1100 м.)

Должина: 26,5 км (28 км)

Времетраење: 12 часа

Вкупна висинска разлика (деницелација): 2090 метри

Тежина: ТЕШКА (екстремна)

Вода: на 8 места: селска чешма во Лавци, Жабов Кладенец (1150 м.), чешми во и над пл. дом Неолица, чешма под пл. дом Димитар Илиевски на Големо Езеро, 3 чешми по патеката на Дебел Рид (по сртот и врвовите нема извори на вода во должина од 15 км и околу 5,5 часа - задолжително носење 2 литри во ранец)  

2) Мала тура: НИЖЕПОЛЕ - ГОЛЕМО ПЕЛИСТЕРСКО ЕЗЕРО (со можност за одење до ОРЛОВИ БАРИ и ГОЛЕМА ГРИВА)

Патека на движење: месност ЛАК ПОТОК кај викенд населба НИЖЕПОЛЕ (1100 м.) - патека по ДЕБЕЛ РИД (1796-1616 м.) -  ГОЛЕМО ПЕЛИСТЕРСКО ЕЗЕРО и планинарски дом „ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ - МУРАТО“ (2218 м.) со можност за поспремните за продолжување по „ФРАНЦУСКИ ПАТ“ до ледничките езерца ОРЛОВИ БАРИ (2050 м.) - врв ГОЛЕМА ГРИВА (2215 м.) и назад

Должина: 10,5 км (17,5 км до Голема Грива и назад)

Времетраење: 6 часа (8,5 часа)

Вкупна висинска разлика (деницелација): 1118 метри (1283 м.)

Тежина: СРЕДНА тешка

Вода: чешми на 4 места од Лак Поток по Дебел Рид до Големо Езеро

Поаѓање од Скопје (09.06.2019): 04:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).

Се патуваат 185 km во правец, со што целото патување трае 3,5 часа во правец, ве молиме бидете навремени за да тргнеме на време!!!

Почетокот на големата тура е на сред село кај чешмата и споменикот во селото Лавци во 07:30 h., за малата тура е кај детското одморалиште „Стрежево“ во Нижеполе во 08:00 h. 

Цена: 700 денари (600 денари превоз + 100 денари учество во предизвикот)

Се молат сите останати учесници и посетители кои ќе одат со сопствен превоз, да уплатат учество во акцијата од 100 денари (кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови“, организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите).

Пријавување (за целосно сигурно одење) најдоцна до петок 07.06.2019 во 17 часот, по телефони на : Марио Шаревски - 071 216 066; 078 323 661; 071 591 260 или во порака на facebook страницата на Планинарски предизвик „12 Врвови“ задолжително со име и презиме и оставен ваш телефонски број за контакт (доколку сте целосно сигурни дека доаѓате).

УПАТСТВА:

- Тежината на турите е тешка со големо растојание и стрмнина,  а големата тура е екстремно тешка со искачување на 5 врвови и долго растојание, поради што воопшто не се препорачува за почетници

- Временските услови ќе ги проверуваме на следниот линк од норвешкиот сајт за временска прогноза (https://www.yr.no/place/Macedonia/Bitola/Golemo_Ezero/long.html за Големо Езеро и https://www.yr.no/place/Macedonia/Other/Skrkovo/long.html - за Скрково) 

- задолжително носење на облека соодветна на пролетни и потопли услови: добро разгазени планинарски чевли високи до глужд со 2 пара на чорапи (!!!) за заштита од триење и плускавци при долготрајното одење, резервна маица, јакна ветровка - шушкавец (доколку има најава за дожд кабаница - во ранец), крема за сончање, очила за сонце, капа, планинарски стапчиња. Поради веројатност од преминување на снежни јазици и длабоки снежни длапки пожелно е носење на гамашни.

- Мобилните телефони да бидат со полни батерии (најмалку 95%)

- Храна од ранец за време на турите (сендвичи, суво овошје, чоколадо и житни плочки, најмалку 2,5 литри вода, магнезиум и електролити)

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција