070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

04 Aug

Врв 11/12: Лакосигној на Галичица (1984 мнв)   August 04, 2019 Планинарство

img

На празничниот илинденски викенд на почетокот на август одиме да го искачиме претпоследниот, единаесети врв во оваа трета сезона - Лакосигној, висок 1894 м.н.в., на планината Галичица помеѓу двете прекрасни и најголеми македонски природни езера - Охридското и Преспанското. Одиме на летна прошетка на Галичица до Лакосигној и други околни блиски врвови и месности со прекрасни природни знаменитости и глетки, а денот го завршуваме со капење во бистрите води на Охридското Езеро на прекрасните плажи во Трпејца.

Тура: преслап Баба - врв ЛАКОСИГНОЈ

Патека на движење: преслап под гребенот Баба (1686 м.) -  под гребен Црвен Камен (1727 м.) - врв Лакосигној (1984 м.) и назад по истата патека: Факултативно искачување (во договор со водичите) на околните  врвови: Бајраче 1924 м. по срт кон север; Томорос 1673 м. по гребенот Гола Бука, долот Крајна Плошт и сртот Воден Камен. 

Должина: 6 км (во правец); вкупно 12 км

Времетраење: 2 часа (од преслап до врв - во 1 правец) ; 7 часа на располагање за сета прошетка на околината 

Тежина: лесна

Временски распоред на активности: тргнување од преслап 9:00, враќање до 16:00 ч, бањање во Охридско Езеро во Трпејца до 18:30 ч.

Поаѓање од Скопје (04.08.2019): 05:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).

Почетокот на турата е на асфалтниот пат на преслапот на Галичица во 09:00 h. 

Цена: 700 денари (600 денари превоз + 100 денари учество во предизвикот) + 40 денари влезница за во Националниот парк „Галичица“

Турата е кружна и се тргнува и завршува преслапот на Галичица на асфалтниот пат, при што е можно одење со сопствени возила. Се молат сите останати учесници и посетители кои ќе одат со сопствен превоз, да уплатат учество во акцијата од 100 денари (кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови“, организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите).

Пријавување (за целосно сигурно одење) најдоцна до петок 02.08.2019 во 17 часот, по телефони на : Марио Шаревски - 071 216 066; 078 323 661; 071 591 260 или во порака на facebook страницата на Планинарски предизвик „12 Врвови“ задолжително со име и презиме и оставен ваш телефонски број за контакт (доколку сте целосно сигурни дека доаѓате).

УПАТСТВА:

- Тежината на турата е лесна со мало растојание но достаточна стрмнина,  поради што се препорачува за почетници

- Временските услови ќе ги проверуваме на следните линк од сајтовите за временска прогноза (https://www.meteoblue.com/en/weather/14-days/nacionalen-park-gali%c4%8dica_north-macedonia_790781 и https://www.yr.no/place/Macedonia/Other/Trpejca/ )  

- задолжително носење на облека соодветна на летни и топли услови: добро разгазени планинарски чевли високи до глужд со 2 пара на чорапи (!!!) за заштита од триење и плускавци при долготрајното одење, резервна маица, јакна ветровка - шушкавец (доколку има најава за дожд кабаница - во ранец), крема за сончање, очила за сонце, капа, планинарски стапчиња, костим и гаќици за бањање. 

- Мобилните телефони да бидат со полни батерии (најмалку 95%)

- Храна од ранец за време на турите (сендвичи, суво овошје, чоколадо и житни плочки, најмалку 2 литри вода, магнезиум и електролити)

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција