070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

01 Sep

Врв 12/12: Дудица на Кожув (2132 мнв)   September 01, 2019 Планинарство

img

На првиот септемвриски ден, одиме во недопрената природа со изобилство од девствени и ретко посетувани шуми и прашуми, на планината Кожуф, на крајниот југ на Македонија, да го искачиме последниот дванаесетти врв во оваа трета сезона на Планинарскиот предизвик „12 Врвови“ - Дудица висок 2132 метри.

ТУРА: одморалиште МИХАЈЛОВО - врв ДУДИЦА (и назад)

Должина: 30,3 км

Времетраење: 10,5 часа

Тежина: Средно-тешка

Трансверзална ТУРА: извор ЛУКАР (Конопиште) - врв ДУДИЦА - одморалиште МИХАЈЛОВО

Должина: 35 км

Времетраење: 13,5 часа

Тежина: Тешка (екстремна)

* до месноста кај изворот Лукар се патува со џип, поради што бројот на местата е строго ограничен и се препорачува исклучиво само за искусни планинари со голема подготвеност телесно-душевна спремност и искуство (!)

На двете тури во најголем дел се движи низ многу густ и ретко посетуван шумски предел, со неколку извори на вода. 

На крајот на двете тури во кругот на одморалиштето Михајлово ќе се одржи свечената церемонија на доделување на наградите за најуспешните учесници и предизвикувачи во текот на целогодишната сезона на Планинарскиот предизвик „12 Врвови“: маици, благодарници, значки со логото на „12 Врвови“ и примероци од книгата „Материјали по изучувањето на Македонија“ од Ѓорче Петров и традиционална планинарска закуска!

Поаѓање од Скопје (01.09.2019): 05:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).

Цена: 700 денари (600 денари превоз + 100 денари учество во предизвикот кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови“, организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите).

Пријавување (за целосно сигурно одење) најдоцна до петок 30.08.2018 во 17 часот, на Марио Шаревски - 071 216 066, 070 342 787 и 071 591 260. Пријавувањето е задолжително со име и презиме (доколку сте целосно сигурни дека доаѓате) и исклучиво преку телефон (!!!). Ве замолуваме, заради подобра и поголема ажурност при заведување во списокот, да се пријавувате со јавување на еден од трите телефонски броеви, а не преку пораки на Facebook, со цел водичи да имаат подобра евиденција и подобро насочено внимание на секој што ќе се јави и пријави за сигурно доаѓање!!!  (***Дури и Марио да ви е најдобар пријател, јавете му се на телефон да ве запише, а не да му пишувате во пораки на Facebook оти таму може и да не види, значи јавете му се по телефон да ве запише! :D )

УПАТСТВА:

- Тежината на турите е тешка со големо растојание и стрмнина,  поради што воопшто не се препорачува за почетници

- Временските услови ќе ги проверуваме на следните линк од сајтовите за временска прогноза (https://www.yr.no/place/Macedonia/Other/Dudica/long.html и https://www.meteoblue.com/en/weather/week/dudica_greece_790959 )  

- задолжително носење на облека соодветна на летни и топли услови: добро разгазени планинарски чевли високи до глужд со 2 пара на чорапи (!!!) за заштита од триење и плускавци при долготрајното одење, резервна маица, јакна ветровка - шушкавец (доколку има најава за дожд кабаница - во ранец), крема за сончање, очила за сонце, капа, планинарски стапчиња. 

- Мобилните телефони да бидат со полни батерии (најмалку 95%)

- Храна од ранец за време на турите (сендвичи, суво овошје, чоколадо и житни плочки, најмалку 1,5 литри вода, магнезиум и електролити)

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција