070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

06 Oct

Врв 1/12: Бистрички Врв на Шар Планина (2572 мнв)   October 06, 2019 Планинарство

img

На почетокот на октомври, четвртата сезона на Планинарскиот предизвик „12 Врвови“ ја започнуваме со искачување на Бистрички Врв познат и само како Бистра, Бистрица, Гужбаба и Елема на Шар Планина. Се наоѓа на главниот срт на протегање на Шар Планина, во нејзиниот североисточен дел каде се соединуваат гребените Коњушка кон запад и врвот Пескови кон исток во пределот наречен Шар (вистински Шар односно баш-Шар), на самата државна граница помеѓу Македонија и Косово. Претставува многу стрмен и висок зашилен врв кој се одликува со голема забележителност во околината, при што јужната падина од македонска страна е целосно тревната до самиот врв, додека северната падина од косовска страна е делумно каменлива со раздробени карпи и сипари. Бистрички Врв ја претставува и третата контролна точка (КТ 3) на (Првата) Западна македонска трансверзала, поради што во седумдесетите години на ХХ век кога таа била воспоставувана од планинарите од планинарското друштво на тогашниот Електромашински факултет, врвот го добил како име и името на друштвото „Елема“. Имињата Бистрички Врв, Бистра и Бистрица врвот ги носи според името на длабоката, стрмна и прекрасна долина Бистрица која се наоѓа веднаш на неговото јужно подножје во Македонија и низ која протекува реката („Теаречка“) Бистрица.

ТУРА: ПРЕВАЛА - ЈАЖИНСКО ЕЗЕРО - БИСТРИЧКИ ВРВ

Патека на движење: туристички центар Превала (1500 м.н.в.) - Јажинско Езеро (2180 м.н.в.) - Бистрички Врв (2572 м.н.в.) 

Вкупно времетраење: 8 часа (4 во правец)  пешачење

Тежина: средно-тешка

Поаѓање од Скопје (06.10.2019): 05:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).

Цена: 600 денари (500 денари превоз + 100 денари учество во предизвикот кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови“, организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите).

За влез во Косово е потребно да понесете лична карта или пасош.

По завршувањето на турата има можност за седенка во рестораните и печењарите во Штрпце или Превала.

Пријавување (за целосно сигурно одење) најдоцна до петок 04.10.2018 во 17 часот, на Марио Шаревски - 071 216 066, 070 342 787 и 071 591 260. Пријавувањето е задолжително со име и презиме (доколку сте целосно сигурни дека доаѓате) и исклучиво преку телефон (!!!). Ве замолуваме, заради подобра и поголема ажурност при заведување во списокот, да се пријавувате со јавување на еден од трите телефонски броеви, а не преку пораки на Facebook, со цел водичите да имаат подобра евиденција и подобро насочено внимание на секој што ќе се јави и пријави за сигурно доаѓање!!!  (***Дури и Марио да ви е најдобар пријател, јавете му се на телефон да ве запише, а не да му пишувате во пораки на Facebook оти таму може и да не види, значи јавете му се по телефон да ве запише!


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција