070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

01 Dec

Врв 3/12: Бајрак на Караџица (1527 мнв)   December 01, 2019 Планинарство

img

На почетокот на декември, одиме да го искачиме врвот Бајрак на северниот дел на планинскиот масив Мокра на пределот помеѓу неговите планински огранки Караџица и Китка, во срцето на областа Торбешија , јужно до градот Скопје! Врв кој речиси сите сме го гледале од различни страни, од планинарскиот дом „Караџица“, од Убава и Салаковски Езера, од Китка и Преслап, од Празни Торба, но малкумина сме го искачиле и посетиле! „Да го развееме бајракот на слободата и Македонија, на Бајрак!“ 

Тура: ЦВЕТОВО - БАЈРАК - ДРАЧЕВИЦА

Патека на движење: село Цветово (830 м.) - чешма под гребенот Планинче (1010 м.) - месност и чешма Лениште (1106 м.) - Темна Бука (1267 м.) - Крст (1398 м.) - врв Бајрак (1527 м.) - гребен Слани Крст (1155 м.) - Преслап (786 м.) - чешма во месноста Врлева (650 м.) - рид Каменик (614 м.) - село Драчевица (488 м.)

Должина: 14 километри

Вкупно времетраење: 7 часа

Тежина: Лесна

Поаѓање од Скопје (01.12.2019): 07:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).

Цена: 300 денари (200 денари превоз + 100 денари учество во предизвикот кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови“, организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите).

Пријавување (за целосно сигурно одење) најдоцна до петок 29.11.2019 во 17 часот, на Марио Шаревски - 071 216 066, 070 342 787 и 071 591 260. Пријавувањето е задолжително со име и презиме (доколку сте целосно сигурни дека доаѓате) и исклучиво преку телефон (!!!). Ве замолуваме, заради подобра и поголема ажурност при заведување во списокот, да се пријавувате со јавување на еден од трите телефонски броеви, а не преку пораки на Facebook, со цел водичите да имаат подобра евиденција и подобро насочено внимание на секој што ќе се јави и пријави за сигурно доаѓање!!! 

УПАТСТВА:

- Тежината на турите е лесна и е препорачлива и за почетници

- Временските услови ќе ги проверуваме на следните линк од сајтовите за временска прогноза (https://www.meteoblue.com/en/weather/14-days/bajrak_north-macedonia_798604 и https://www.yr.no/place/Macedonia/Other/Cvetovo/long.html)  

- задолжително носење на облека соодветна на доцни есенски и рани зимски услови: топла облека: јакна, блузон (polar) со долги ракави, капа, резервна маица, задолжително: јакна ветровка - шушкавец (доколку има најава за дожд кабаница - во ранец) добро разгазени планинарски чевли високи до глужд со 2 пара на чорапи (!!!) за заштита од триење и плускавци при долготрајното одење, планинарски стапчиња. 

- Мобилните телефони да бидат со полни батерии (најмалку 95%)

- Храна од ранец за време на турите (сендвичи, суво овошје, чоколадо и житни плочки, најмалку 1,5 литри вода, магнезиум и електролити)

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција