070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

03 Nov

Врв 2/12: Фојник на Сува Гора (1420 мнв)   November 03, 2019 Планинарство

img

На почетокот на ноември, одиме да го искачиме врвот Фојник кој  се надвиснува нудејќи прекрасна глетка на вештачкото поречко езеро Козјак и целата област Порече. 

Трансверзална ТУРА: БЛИЗАНСКО - ФОЈНИК - БРЕСТ - САМОКОВ

Патека на движење: с. Близанско (465 м.) - гребен Писаник (770 м.) - врв Фојник (1421 м.) - село Брест (958 м.) - предел Габроица (1000 м.) - месност Јама (930 м.) - Недуља (750 м.) - населба Самоков (570 м.)

Должина: 13 километри

Вкупно искачување висинска разлика: 1100 метри

Вкупно времетраење: 7 часа

Тежина: Средна

Вода нема никаде по патот, но во селото БРЕСТ има ПРОДАВНИЦА во која има ПИВО! 

Мала тура: БРЕСТ - ФОЈНИК - БРЕСТ

Должина: 5 километри

Вкупно времетраење: 4 часа

По завршувањето на турата во населбата Самоков сите учесници ќе бидат присутни на седенка и угостени од нашите домаќини со закуска од вкусен ГРАВ и прилог, на која воедно ќе има своевиден мал локален саем потпомогнат од Porechka Matica/Поречка Матица со понуда на органски и еколошки чисти домашни производи од мештаните, препознатливи за областа Порече како што се: мед, грав, компир, овчо и козјо сирење, костени, ореви, јаболка, сливова ракија, чај, кои ќе може да се набават по пристапни цени (наскоро ќе бидат и соопштени, да ги знаете пред поаѓањето).

Поаѓање од Скопје (03.11.2019): 05:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).

Цена: 700 денари (600 денари превоз + 100 денари учество во предизвикот кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови“, организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите).

Во зависност од бројката на пријавени патувањето ќе се одвива преку Македонски Брод и Самоков, а можно е помала група да оди од Скопско преку заштитеното подрачје „Јасен“, доколку временски се погоди режимот на движење на возила.

Пријавување (за целосно сигурно одење) најдоцна до петок 01.11.2019 во 17 часот, на Марио Шаревски - 071 216 066, 070 209 462 и 071 591 260. Пријавувањето е задолжително со име и презиме (доколку сте целосно сигурни дека доаѓате) и исклучиво преку телефон (!!!). Ве замолуваме, заради подобра и поголема ажурност при заведување во списокот, да се пријавувате со јавување на еден од трите телефонски броеви, а не преку пораки на Facebook, со цел водичите да имаат подобра евиденција и подобро насочено внимание на секој што ќе се јави и пријави за сигурно доаѓање!!!

УПАТСТВА

- Тежината на турите за трансверзалната е средна и поради големата висинска разлика (искачување 1000 метри на 3 километри дожина) не е препорачлива за почетници, додека тежината на малата тура е лесна и е препорачлива и за почетници

- Временските услови ќе ги проверуваме на следните линк од сајтовите за временска прогноза (https://www.yr.no/place/Macedonia/Makedonski_Brod/Fojnik/long.html и https://www.meteoblue.com/en/weather/14-days/fojnik_north-macedonia_8621866)  

- задолжително носење на облека соодветна на есенски услови: топла облека: јакна, блузон (polar) со долги ракави, капа, резервна маица, задолжително: јакна ветровка - шушкавец (доколку има најава за дожд кабаница - во ранец) добро разгазени планинарски чевли високи до глужд со 2 пара на чорапи (!!!) за заштита од триење и плускавци при долготрајното одење, планинарски стапчиња. 

- Мобилните телефони да бидат со полни батерии (најмалку 95%)

- Храна од ранец за време на турите (сендвичи, суво овошје, чоколадо и житни плочки, најмалку 2 литри вода, магнезиум и електролити)

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција