070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

02 Feb

Врв 5/12: Кафчал на Лубен (1762 мнв)   February 02, 2020 Планинарство

img

На почетокот на февруари, одиме по врвиците на македонските комити, војводи и борци, да го искачиме врвот Кафчал на планината Лубен со глетки кон сите планини и врвови во западна Македонија! Кафчал e највисокиот врв на планината Лубен со надморска височина од 1.762 метри. Врвот се издига јужно од селото Цер, лево од патот кој ги поврзува Другово и Демир Хисар, а југоисточно од градот Кичево. Според својата местоположба врвот Кафчал го зазема средишното место во западна Македонија. Од неговата височина се добива глетка на сите страни во Западна Македонија. Од овој врв може да се забележат: Пелистер, Кајмакчалан, Караџица, Шар Планина, Галичица, Кораб и Бистра. На исток и север од врвот Кафчал и самата планина Лубен се протега Церско Поле кое претставува најголемо карстно поле во Македонија, додека на север на самото подножје и вовлечено во долина е сместено селото Цер, познато во историјата по битката која се одвила на 24 април 1905 година, кога војводата Христо Узунов и неговата чета по долга и нерамна битка со османлискиот аскер, се самоубиваат несакајќи живи да паднат во рацете на непријателот

тура: ЦЕРСКО ПОЛЕ - КАФЧАЛ - ЦЕР

патека на движење: шталите во месноста Загора (938 м.) - врв Кафчал (1762 м.) - гребен Качеј Падиње (1558 м.) - Буков Дол (1179 м.) - извор/чешма Породин крај потокот Матица (1113 м.) - село Цер (985 м).

*** Доколку има многу паднато снег и патот не е расчистен, можна е промена на почеток и крајот на патеката на движење

Должина: 10,8 км

Тежина: средно-тешка (тешка во зимски услови со снег!) 

Вкупно времетрање: 5:30-6 часа

Поаѓање од Скопје (02.02.2020): 05:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).

Цена: 700 денари (600 денари превоз + 100 денари учество во предизвикот кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови“, организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите).

Пријавување (за целосно сигурно одење) најдоцна до петок 31.01.2020 во 17 часот, на Марио Шаревски - 071 216 066, 070 209 462 и 071 591 260. Пријавувањето е задолжително со име и презиме (доколку сте целосно сигурни дека доаѓате) и исклучиво преку телефон (!!!). Ве замолуваме, заради подобра и поголема ажурност при заведување во списокот, да се пријавувате со јавување на еден од трите телефонски броеви, а не преку пораки на Facebook, со цел водичите да имаат подобра евиденција и подобро насочено внимание на секој што ќе се јави и пријави за сигурно доаѓање!!! 

УПАТСТВА:

- Тежината на турите е средно-тешка и се одвива во зимски услови со снег, поради што не е препорачлива за почетници и за оние кои не поседуваат основна зимска планинарска опрема и облека!!!!

- Временските услови ќе ги проверуваме на следните линк од сајтовите за временска прогноза (https://www.meteoblue.com/en/weather/week/kav%c4%8dal_north-macedonia_789699 и https://www.yr.no/place/Macedonia/Other/Golemo_Crsko/)  

- задолжително носење на облека соодветна на зимски услови и снег: топла облека: зимска водонепропустлива јакна и панталони, блузон (polar) со долги ракави, капа, ракавици, резервна маица, гамашни за газење во длабок снег, задолжително: јакна ветровка - шушкавец. добро разгазени планинарски чевли високи до глужд со 2 пара на чорапи (!!!) за заштита од триење и плускавци при долготрајното одење, планинарски стапчиња. 

- Мобилните телефони да бидат со полни батерии (најмалку 95%)

- Храна од ранец за време на турите (сендвичи, суво овошје, чоколадо и житни плочки, најмалку 1,5 литри вода, магнезиум и електролити)

Патеката е снимена и достапна во GPS запис.

Facebook Event

ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција