070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

26 Jan

Меморијално искачување на Син Врв (Антени) 2531 м на Шар Планина   January 26, 2020 - January 27, 2020 Планинарство

img

Планинарска тура за искачување на Син Врв (Антени)  висок 2531 м.н.в. на Шар Планина, над Попова Шапка, во спомен и чест на нашиот почитуван планинар и пријател Перо Атанасов - Црна Стрела.

Тура: ПОПОВА ШАПКА - СИН ВРВ

Патека на движење: Попова Шапка - Церипашина - Син Врв (и назад). 

Должина: 5 км

Тежина: средно-тешка (во зимски услови со снег: тешка)

Вкупно времетраење: 6 часа

Важно: Ќе се движиме по патеката натапкана од ратраците, но длабокиот снег и мраз на големата стрмнина може да бидат исклучително многу тешки и опасни.

Поаѓање од Скопје (26.01.2020): 06:30 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).

Цена: 300 денари

Пријавување (за целосно сигурно одење) најдоцна до петок 24.01.2020 во 17 часот, со пополнување на пријавата:

https://docs.google.com/forms/d/10_3YOQdwUMX4wCve8JVPfdoxfpj4qHwSDmkxRtCv-1M/edit

Марио Шаревски - 071 216 066 (на телефон е достапен само за викендите, НЕ во работни денови!!! Значи може непречено да му се јавувате само во текот на турите и само за викенди (НЕ во работни денови)!, 070 209 462 и 071 591 260. Пријавувањето е задолжително со име и презиме (доколку сте целосно сигурни дека доаѓате) и оставање на број на телефон во пријавата (!!!)

УПАТСТВА:

- Тежината на турата е тешка и се одвива во зимски услови со снег, поради што не е препорачлива за почетници и за оние кои не поседуваат основна зимска планинарска опрема и облека!!!!

- Временските услови ќе ги проверуваме на следниот линк од сајтовите за временска прогноза https://www.meteoblue.com/en/weather/14-days/popova-%c5%a0apka_north-macedonia_786871   

- задолжително носење на облека соодветна на зимски услови и снег: топла облека: зимска водонепропустлива јакна и панталони, блузон (polar) со долги ракави, капа, ракавици, резервна маица, гамашни за газење во длабок снег, задолжително: јакна ветровка - шушкавец. добро разгазени планинарски чевли високи до глужд со 2 пара на чорапи (!!!) за заштита од триење и плускавци при долготрајното одење, планинарски стапчиња. 

- Мобилните телефони да бидат со полни батерии (најмалку 95%)

- Храна од ранец за време на турите (сендвичи, суво овошје, чоколадо и житни плочки, најмалку 1,5 литри вода, магнезиум и електролити)

Патеката е снимена и достапна во GPS запис.

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција