070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

28 Feb

Првенство на Скопје - Натпревари Ориентација   February 28, 2020 - February 29, 2020 Ориентација

img

На 28 и 29 Март 2020 година на локација Градски Парк и Водно ќе се одржат натпревари од Лигата во Спортска и Планинарска Ориентација

Натпреварите во Планинарска Ориентација се во организација на ДПС Трансверзалец- Скопје ,поддржани од Федерација за планинарств на Р.Северна Македонија (ФПСМ) и се квалификацискии за учество на Балканскиот Шампионат кој ќе се одржи во Р. Црна Гора 2-4 Октомври 2020год. На овие натпревари учество можат да земат екипи од сите планинарски клубови/друштва од Република Северна Македонија кои треба да се пријават до 20.03.2020 год. на маил – transverzalec@t.mk, по овој датум пријавувањето е по 100,00 денари од натпреварувач.
Информации ФПСМ Душко Бошковски 070 317 740
Трансверзалец Мирко Даневски 078 224 868 и Иво Бошковски 076 465 596

За време на натпреварувањето забрането е користење на ГПС уреди и електронски системи.Натпреварите се одржуваат по Правилникот за планинарска ориентација од Ноември 2019год. Доколку го немате обратете се на дадените телефони. Задолжително планинарски книшки со платена чланарина за 2020 год.
Сместување во Планинарски дом Врв Водно – Скопје. До средно Водно се доаѓа по асвалтен пат. Поради ограничен број на сместување,учесниците да си понесат вреќи за спиење. Секој клуб/друштво треба да пријави по еден полнолетен планинар за на контролна точка.

ПРОГРАМА

- 26.03.2020 Четврток
Влечење стартни броеви 20,оо часот

- 28.03.2020 Сабота

СПОРТСКА ОРИЕНТАЦИЈА
Старт Градски Парк - Скопје - поединечно 11,оо часот
Биолошки институт влез со возила од
страната на ВИП Арена Борис Трајковски

ПЛАНИНАРСКА ОРИЕНТАЦИЈА

Решавање задачи 17,oo до 18,oo часот
Вечера 18,оо до 19,оо часот
Старт Врв Водно ноќно екипно 19,3о часот

- 29.03.2020 Недела

Доручек 7.3o до 8.3o часот
Старт Врв Водно дневна екипно 9,3о часот
Прогласување на резултати 14.3o часот
Ручек 15,оо часот
Затварање на натптреварот 16.oo часот

Поставувачи на патеки: Иво Бошковски и Мирко Даневски
Контролор: Душко Бошковски
-Натпреварот во Градски парк се организира за категориите поединечно:
Ж/М-14, Ж/М-16, Ж/М-18, Ж/М-21, Ж/М-35, Ж/М-45, Ж/М над 55
-Натпреварите на Водно се екипни (3 до 5 члена) пожелно мешани(машки-женски) од ист клуб
Категории: пионери до 15 години, јуниори до 18 години, сениори од 18 до 46 години и ветерани над 46 години.

Скопје, 20.02.2020
Натпреварувачка Комисија
Душко Бошковски

Facebook Event

 


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција