070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

17 Oct

Skopje Open 2020   October 17, 2020 Ориентација

img

Скопје Опен 2020
Why just run? Orienteering is more fun!
Отворено првенство во ориентација за сите - од почетници до експерти!

Програма:

10.00ч. Регистрација на учесници
10.30ч. Старт на трка
12.00ч. Старт елита
13.00ч. Презентација на Компас платформата
13.30ч. Разговор на тема: двојна кариера
14.00ч. Прогласување на победници

Информации:
Мапа: Парк Шума Гази Баба
Размер: 1:5000
Национален контролор: Душко Бошковски

Категории:
-M (машки)
-W (женски)
Kids W (1км 500м)
Kids M (1км 500м)
*за деца до 12год.
Youth W (3км)
Youth M (3км)
*за лица од 12 до 18 год.;
Open W (4км)
Open M (4км)
*за почетници и ветерани (над 35 год.);
Elite W (6км)
Elite М (6км)
*бодување за Државното првенство на средна дистанца 2020
*должината на патеките ја претставува воздушната линија на патеката!!!

Пријавување на:
www.orienteeringonline.net
или на е-пошта:
orienteeringmacedonia@hotmail.com
со податоци:
- име и презиме
- клуб
- година на раѓање
- категорија

Учеството е бесплатно!!!
Пријавите се ограничени!
*** за секој учесник следува подарок

Ориентацијата е спорт каде што со помош на компас и детално исцртана мапа од урбана средина или предел во природа, треба да се помине зададена патека за најбрзо можно време. Спортот како основа ја има атлетиката комбинирана со менталната агилност на секој поединец.
Ги охрабруваме љубителите на трчањето и спортовите во природа да се пријават и да се запознаат со убавините на ориентацијата! 

ВАЖНО!!!
Настанот се организира во согласност со протоколите кои произлегуваат од планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот:

  • Евиденција со податоци за секој учесник;
  • Термален скрининг при регистација;
  • Дезинфицирање на опремата и реквизитите;
  • Стартот на трката ќе се одвива на 1мин. стартни интервали;
  • Задолжително е носење на маска на сите натпреварувачи се до стартот на трката и при пристигање на финиш;
  • Задолжително е носење на маска на сите членови на тимовите задолжени за организација;
  • Се препорачува физичко растојание од 1,5 метри на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација во текот на реализација на настанот;
  • Задолжителна дезинфекција на раце при регистрација на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација;

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција