070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

12 Jun

Планинарска Ориентација   June 12, 2021 - June 13, 2021 Ориентација

img

-Прво и Второ коло -

Лигата во Планинарска Ориентација ќе се одржи на 12 и 13 Јуни 2021 година на локација Гази Баба – Скопје и Водно.

За време на натпреварувањето забрането е користење на ГПС уреди и електронски системи. Натпреварите се одржуваат по Правилникот за Планинарска ориентација. Правилникот се доставува по барање на Клубовите и натпреварувачите.

Сместување во шатори во кругот на Даре Бомбол– Скопје, до одмаралиштето на Црвен Крст – Даре Бомбол, Водно се доаѓа по асвалтен пат. Задолжителна опрема за учесниците: шатори, вреќи за спиење, изомати, припбор за јадење. Секој клуб/друштво треба да пријави по еден полнолетен планинар за на контролна точка.

Програма:

12.06.2021 Сабота

Старт Даре Бомбол Водно дневна ЕКИПНО 11,оо часот

Прогласување на резултати 16.3o часот

Решавање задачи 17,oo до 18,oo часот

Вечера 18,оо до 19,оо часот Старт Даре Бомбол Водно ноќно ЕКИПНО 20,3о часот

Напомена:

Натпреварите на Водно се екипни (3 до 5 члена) пожелно мешани (жени/мажи) од ист клуб

Категории: пионери до 15 години, јуниори до 18 години, сениори од 18 до 46 години и ветерани над 46 години.

13.06.2021 Недела

Доручек 7.3o до 8.3o часот

Старт ГАЗИ БАБА парк ПОЕДИНЕЧНО 11,оо часот

Прогласување на резултати 14.оo часот

Поставувачи на патеки: Иво Бошковски и Мирко Даневски

Контролор: Душко Бошковски

Натпреварот на ГАЗИ БАБА се организира за категориите поединечно:

Ж/М-14, Ж/М-16, Ж/М-18, Ж/М-21, Ж/М-35, Ж/М-45, Ж/М над 55

Натпреварите во Планинарска Ориентација се во организација на ДПС Трансверзалец- Скопје, поддржани од Федерација за Планинарство на Северна Македонија (ФПСМ) и се квалификациски за учество на Балканскиот Шампионат кој ќе се одржи во Р. Црна Гора 02-04 Октомври 2021год. На овие натпревари учество можат да земат екипи од сите планинарски клубови/друштва од Република Северна Македонија кои треба да се пријават до 10.06.2021 год. на меил – transverzalec@t.mk

Информации

ФПСМ:

Душко Бошковски 070 317 740

ДПС Трансверзалец - Скопје:

Мирко Даневски 078 224 868

Иво Бошковски 076 465 596

НАТПРЕВАРОТ ЌЕ СЕ ОДВИВА ПО ПРОТОКОЛОТ ДОНЕСЕН ОД ПЛАНИНАРСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА, ПРИЛАГОДЕНА СО ПРЕПОРАКИТЕ ОД ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА НАСТАНИ О УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА КОВИД -19

Facebook Event


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција