070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

10 Dec

Тура по повод денот на планината   December 10, 2023 Планинарство

img
Почитувани
Чест и задовoлство ни е да ја најавиме нашата голема и значајна акција, којa едноставно ја нарековме "Плачковица 2023".
Македонија е планинска земја во која да бидеш планинар е голема чест и задовoлство но и голема одговорност.
Да бидеш планинар значи да ја почитуваш природата, да го почитуваш другиот, да поместиш заборавени вредности во животот да придонесуваш за планинската Македoнија да биде уште поубава и почиста.
Почитувани !
"Плачковица 2023" е акција со којa ќе се одбележи светскиот ден на планините и уште еднаш сите заедно од сите планинарски клубови од Македонија да се собереме да се обединиеме и заеднички да го прославиме денот на планините.
 
Опис на патеката
-категорија-лесна и погодна за почетници и искусни планинари.
-должина на патека 14км
-елевација 500м
-времетраење на акцијата 4 час
Акцијата ќе биде изведена во зимски услови со стартна точка од местото викано Билборди , ќе се движиме по широк земјен пат и ќе ги искачиме врвовите Туртел-1607мнв и Црквиште-1693мнв а попатно ќе ја посетиме новата црква ,,Св Спиридон,,.
Патеката е кружна и лесна за движење , ќе направиме мала пауза за чај кај спасителната станица а потоа се спуштаме кон пл дом "Вртешка".
Секој учесник треба да има соодветна зимска опрема(добро разгазени чизми, зимска облека во слоеви, планинарски стапчиња, наочари и се разбира голема и широка насмевка.)
Доколку има најава за лоши временски услови, акцијата ќе трпи промени и истата ќе биде скратена од страна на водичите.
По акцијата се упатуваме кон планинарскиот дом ,,Вртешка,, на топол чај и бесплатен ручек (топла телешка чорба) и добра забава со добро познатите ,,ARRE BROTHERS BAND,,
Ве молиме почитувајте ги правилата на организаторите.
Почитувани ве очекуваме во голем број заедно да ја покажеме силата на планинарска Македонија.
Ги замолуваме сите заинтересирани да го пријават своето учество заради утврдување на количината на оброкот и да понесат со себе прибор за брокот (чинија и лажица)
Тргнување од железничка станица во Скопје во 0600
Цена за организирано патување до настанот 700 денари
Информации и пријавување
070693039 Димче
070641998 Зоки 

ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција