070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

04 Feb

5/12 осма сезона-Врв ПИРАМИДА/ГОЛЕМ КАМЕН   February 04, 2024 Планинарство

img
04-02-2024 5/12Врва ПИРАМИДА/ГОЛЕМ КАМЕН/ГУЛИНА КАМЕН - Плаќенска Планина - 1656 м.н.в
Врвот Голем Камен познат и под името Гулина Камен, а во поново време меѓу планинарите и велосипедистите највеќе попознат како „Пирамида“ го претставува претпоследниот врв во најјужниот краен дел на Плаќенска Планина односно на целиот планински венец - масив Бигла на тромеѓето помеѓу Битолско, Ресенско (Преспа) и Железник (Демирхисарско). Се наоѓа на јужниот крај на тревнатиот гол срт со меридијанско протегање, над густите букови гори во кои се криеле македонските комити и партизани во ослободителните движења и борби за Македонија. Веднаш, во права линија на југ од врвот е познатиот превој Ѓавато на патниот правец од Битола за Ресен, додека на исток е прочуеното влашко сега раселено село Гопеш, на запад е ресенското село Златари, на југозапад Сопотско, а на исток познатото и славно мијачко село Смилево, родното место на Даме Груев. Низ густите букови кории до самиот врв води колски пат кој што е многу посетуван од возчите на планински велосипеди, џипови и мотокрос-цикли, а целиот предел е многу посетуван и од берачите на печурки, чај и јагленарите-ќумурџии. Непосредно до врвот има изобилство од извори на вода со познатите извори Дванаесет Кладенци, Горановец и др. Од врвот се пружа прекрасна глетка на величествениот Пелистер и Преспанското Езеро. Планинарската тура и патека за искачување на овој врв ќе започне од битолското село Ѓавато и искачувајќи го врвот ќе заврши во мијачкото демирхисарско славно село Смилево.
Поаѓање : Од Скопје од пошта2 жел.станица во 05:00
Цена на превоз: 1000 ден превоз + 100 ден за предизвикот на четврт качен в
рв следува драј фит маичка со логото и запишани сите врвови
Должина на патеката:15км
Времетраење: 7 часа вкупно
Категорија:Средна
Контакти: Зоки070641998
Пеце: 075217200
Димче: 070693039
Задолжително: Носење на 2 литри вода , Носење на топла зимска облека,резервни маици ,Разгазени високи планинарски чевли,Храна од ранец ,барсови, чоколадца итн.
Со пристигнувањето во Смилево ќе го посетиме споменикот на нашиот голем револуционер ДАМЈАН ГРУЕВ и спомен куќата.
Во самото село Смилево има кафеана со следните цени :
Гравче со сланина или колбас е 150 ден
Пиво 0.5 л е 80 ден
Ракија чашка е 50 ден
Гратис чај
За гравчето ќе треба кога ќе се пријавувате да нагласите дека ќе сакате и гравче за да може да се приготви во доволелна количина.
Пријавување најдоцна до 02-02-24 за настанот и гравчето.
Планинарски поздрав и се гледаме на настанот. 

ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција