070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

21 Mar

ИЗЛОЗБА НА ФОТОГРАФИИ од Бобан Китановски   March 21, 2024 - March 28, 2024 Планинарство

img
Ни претставува огромна чест и задоволство, на осумгодишнината од одржувањето на планинарскиот предизвик „12 Врвови“ во соработка со Културно Информативниот Центар Скопје да ви претставиме 30 одбрани фотографии сликани од нашиот најверен член, планинар и другар - Бобан Китановски, чиј објектив и фотоапарат редовно ги овековечуваат нашите искачувања, чекори и уживања на врвовите и планините во Македонија.
На овој настан ќе имаме прилика да го претставиме и второто подобрено издание на книгата „Планински врвови во Македонија“ од Марио Шаревски, која што е збирка на податоци за 61 планински врв искачени во првото петолетие на предизвикот со додаток за Првата - Западна Македонска Трансверзала и бројни мапи од планинарските патеки.
Изложбата ќе биде отворена со поздравен говор од г-дин Зоран Читкушев, претседател на Федерацијата за планинарски спортови на Македонија - ФПСМ.
Отворањето на изложбата ќе се случи на 21.03.2024 во 20 часот во изложбениот (продажен) салон на Културно Информативниот Центар (КИЦ) Скопје и ќе биде поставена со можност да се погледне до 28.03.2024 во работните часови.

ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција