070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Најава за акција

12 May

8/12 врв Бел Камен 2074 мнв планина Даутица   May 12, 2024 Планинарство

img

ТРАНСВРЗАЛЕЦ ОРГАНИЗИРА 8 MA АКЦИЈА ОД 12 ВРВА на ден 12 05 2024
ВРВ БЕЛ КАМЕН 2074 МНВ НА ДАУТИЦА ПЛАНИНА
Планината Даутица се наоѓа во средишниот дел на Македонија и претставува пределна граница помеѓу Пелагонија и Прилепското Поле на исток, Порече на запад и долината на Бабуна во Велешко на североисток. Таа претставува единствена и крајна јужна огранка на најголемиот македонски планински масив Мокра или Јакупица. Се протега во јужен правец снижувајќи сè до најиздадениот планински врв на нејзиното било, Бел Камен кој е висок 2074 метри.
Врвот Бел Камен е малку одвоен врв од планината Даутица, кој привлекува со својата стрмна западна страна.
Се тргнува од селото Крапа С. Крапа 1050м.крапска река. Грамада. Средок. Бел камен 2074 м. Бора преслап1450 м. Бора страна. Миаче. С. Црешнево 830 м. 21 км//12+9/...5 +4=9ч во близина на Македонски Брод во правец према Прилеп и потоа се одвојува во лево кон Самоков - односно селото Суводол. На местото каде што се скршнува од патот Македонски Брод - Самоков кон с. Локвица, веднаш тука се наоѓа големата и позната пештера Пешна. Старт од Селото Крапа е во 8 :00 часот. Се упатува кон Месноста Богданов дол , кота Круша 1335 мнв, врв Гарван 1522 мнв, месноста Којовски Рупи 1611 мнв и по сртот на Бел Камен се искачува до Врвот Бел Камен со 2074 мнв, од каде се пружат прекрасни видици. Враќањето е од Бел Камен према месноста Мочур, Драјојца по реката Раденејца и турата завршува во селото Црешнево 800 мнв каде не чека превозот за Скопје
Вкупна должина на рутата е 21,5 км Со +Д 1250 м и –Д 1230 м и потребно време околу 8 часа.
Поаѓање од железничка станица пред пошта 2 во : 05:00
Цена за превозот е 600 ден +100 ден предизвик. Со три искачени врва си добивате гратис драј фит маичка со ознаки за осмата сезона од акцијата 12 врвови.
Задолжително носење: На разгазени планинарски кондури, резервна маица, заштита од ветер и дожд. Храна од ранец ,чоколадца,барсови и задолжително 2л вода
Пријавување најдоцна до 11-05-2024 до 12часот
Планинарски поздрав и се гледаме на настанот . За турата попатно застанување : Градежен, Драмски,Сити мол и Цујо


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција