070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

03 Mar

Врв Уво, Осоговски Планини   March 03, 2019   Планинарство

На 03 март 2019 на прагот на пролетта го искачивме шестиот врв и воедно 30 врв вкупно до сега од планинарскиот предизвик"12 Врвови" врвот УВО на Осоговските Планини. Врвот Уво со висина од 1.472 м е всушност е дел од парот вулкански купи Уво-Буковец, на 4 км источно од планината Плавица, западна огранка на Осоговските Планини, на пределната граница помеѓу Пробиштипско и Кратовско. Купите се прилично симетрични, и обете се со истакнатост од околу 250 м. Маршрута на движење: село Лесново / Лесновски манастир „Св. Архангел Михаил“ (878 м.н.в.) - Гробљанска Ридина (1050 м.н.в) - Радевски Чукар (1170 м.н.в.) - врв Уво (1472 м.н.в.) - Шашаво (1150 м.) - Долна Крива Јаболка (1000 м.н.в.) - Лешки (830 м.н.в.) - Кратово (603 м.) Фотографии на Кирчо Топуков, Кузман Ризовски, Ергич Ленче, Филип Ѓ., Снеки.


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција