ДПС „Трансверзалец“ е формиран 1998 година со цел да се потикне развојот на планинарските спортови во Скопје и Македонија преку понуда на квалитетни планинарски акции, ориентациони натпревари и планинско велосипедски тури. Целна група на планинарскиот клуб се сите планинари како и екологисти, студенти, ентузијасти и сите оние кои ја почитуваат и сакаат планината.
Чуствувате потреба да го прочистите телото и духот? Сакате да побегнете од гратската бучава и едноличното секојдневие? Имате потреба за авантура?
Се загубивте во шума а батеријата на вашиот мобилен уред е испразнета? Не сте во можност е да го користите GPS уредот за навигација?
Посакувате да откриете нови места или да ги истражите старите места на поинаков начин со вашиот маунтинбајк?
30 одбрани фотографии сликани од нашиот најверен член, планинар и другар - Бобан Китановски, чиј објектив и фотоапарат редовно ги овековечуваат нашите искачувања, чекори и уживања на врвовите и планините во Македонија. 21 March 2024
Планинскиот гребен и врв Аниште кој се наоѓа на пространата планина Дукат се наоѓа во најнепосредната близина на тромеѓето помеѓу Македонија, Бугарија и Србија и воедно ја претставува и најсеверната точка на територијата
Врвот Голем Камен познат и под името Гулина Камен, а во поново време меѓу планинарите и велосипедистите највеќе попознат како „Пирамида“ го претставува претпоследниот врв во најјужниот краен дел на Плаќенска Планина одно
Акција бр 4 од 12 Врвови, Недела 14.01.2024 година. Врв Кара Тепе со 997 мнв на Планина Плавуш Почетна точка с. Калково од Џамијата 120 мнв, завршеток на турата с. Јосифово 80 мнв Должина на патеката 17,2 км +Д 1000 м, -