070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

12 May

ДВА КАМНА на Бистра (1939 м.н.в)   May 12, 2019   Планинарство

На 12 мај, по првичното поместување на терминот, беше искачен седмиот пропишан, а осми искачен врв - Два Камна на Бистра. Четириесетина планинари, предизвикувачи и љубители на природата од Скопје, Струга и домаќините од Кичево, меѓу кои и најмладата планинарка на возраст од само 10 години, поделени во 2 групи го искачија врвот Два Камна на источните падини на Бистра во Копачка и Кичевијата. Едната група започна трансверзално искачување од црквата под селото Лавчани од каде низ каменестите патеки во буковите кории излезе на планинското било на Бистра каде беше искачен и врвот Старци (1663 м.н.в.) од каде се по сртот на огранката и планинскиот гребен кој ги одвојува доловите на Треска и Студенчица за околу 3,5 часа се искачи до врвот над Два Камна, каде за околу 10 минути пристигнаа и членовите на другата група која своето движење го започна од долот на Студенчица над Горни Добреноец и каптажата на регионалниот водовод, низ многу густ шумовит и стрмен терен. По паузата и заедничкото сликање на врвот, двете групи заеднички се упатија на спуштање во долот на Студенчица кон каптажата на водовот, но поради дождот кој веќе започна да врне и да се засилува и опасноста од лизгање по каменеститот терен, посетата на Самовилските водопади во месноста Фрлогоец беше изоставена за следната прилика, а сите присутни здружно направија една седенка во блискиот рибник споделувајќи убави чувства и впечатоци. (Слики на: Елмедина Сехратлиќ, Бобан Китановски, Мариo Шаревски)


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција