070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

09 Jun

ГОЛЕМА ГРИВА на Баба (2215 м.н.в.)   June 09, 2019   Планинарство

На 09 јуни, на извонредно убаво сончево, ведро и пријатно време по одложувањето од првично зацртаниот датум, конечно беше одржана најубавата тура во третата сезона на планинарскиот предизвик „12 Врвови“ за искачување на врвот Голема Грива висок 2215 метри на планината Баба во извонредните природни убавини на националниот парк Пелистер. Околу шеесетина планинари, предизвикувачи и секаков вид на љубители и уживатели во прекрасната природа од Скопје, Битола, Струга, Прилеп поделени во две групи од две различни страни го искачија врвот Голема Грива, поминувајќи и уживајќи во редица пелистерски природни планински убавини и знаменитости. Едната група на подолгата тура започнувајќи од селото Лавци и движејќи низ разновидните зимзелени и листопадни шуми со бројни извори до планинарскиот дом „Неолица“ се искачи по гребенот на сртот кој надвиснува над десната источна страна на долот на Сапунџица, од каде по сртот ги искачи врвовите - Неолица (Орлово Седло) 1865 м., минувајќи под Црни Стени - 1909 м и искачувајќи се на каменестите Скрково - 2146 м. и Муса - 2351 м. по главниот планински срт се искачи на врвот Голема Грива висок 2215 м., каде за околу 5 - 5,5 часа се сретна со групата од помалата тура кои дојдоа до врвот искачувајќи се од кај Големото Пелистерско Езеро. По заедничките слики на преубавото отворено време и глетки, двете групи заедно слегувајќи по многу стрмната западна падина на Голема Грива се упатија кон Орлови Бари од каде по малото освежување по макадамскиот „француски“ пат сите заедно пристигнаа крај Големото Пелистерско Езеро чии бистри води блескаа и сјаеа на јунското сонце и ведрото небо, исполнувајќи ги очите и душата со невидена убавина и задоволство. По восхитувањето и насладувањето, а за некои и пливањето и капењето во Големото Пелистерско Езеро, групата започна со слегување по патеката на Дебел Рид до Нижеполе, завршувајќи ја оваа речиси дванаесет часовна планинарска тура на уживање во извонредните природни убавини на Баба и Пелистер. (Слики на: Бобан Китановски, Лазо Димитров, Марио Шаревски, Љупчо Јовчевски)


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција